Љутица (тврдина)
Тврдината Љутица се наоѓа во близина на Ивајловград, Бугарија. Оваа тврдина е најзачуваната тврдина која се наоѓа на планината Родопи. Плоштината на тврдината опфаќа место од околу 15 декари. За изградбата на тврдината бил користен бел мермер. Од 8 век до 10 век, Љутица била еден од најголемите црковни центри во областа. Црквата, која се наоѓала во дворот на комплексот, била до темел разрушена, а денеска се видливи само мали остатоци. Кулите имаат кругла и правоаголна форма.
Тврдина Љутица | |
---|---|
Општи податоци | |
Град | Ивајловград, Родопи |
Земја | Бугарија |
„Љутица (тврдина)“ на Ризницата ? |