Љубовници (филм од 1961)
„Љубовници“ (италијански: La viaccia) — филм на режисерот Марио Болоњини (Mauro Bolognini) од 1961 година, снимен по сценариото на Васко Пратолини (Vasco Pratolini), Пасквале Феста Кампаниле (Pasquale Festa Campanile) и Масимо Франчоза (Massimo Franciosa). Филмот е снимен врз основа на романот на Марио Пратези (Mario Pratesi). Главните улоги ги играат: Жан-Пол Белмондо (Jean-Paul Belmondo), Клаудија Кардинале (Claudia Cardinale), Пјетро Герми (Pietro Germi) и Габриела Палота (Gabriella Pallotta).[1]
Синопсис
уредиАмериго (го игра Белмондо) е момче од богато италијанско семејство, кој целиот живот го минал в село. За време на еден излет во градот, тој е воодушевен од градската врева. Притоа, тој се заљубува во убавата проститутка Бјанка (ја игра Кардинале), но поради нејзините скапи потреби, тој набрзина останува без пари. Не сакајќи да остане без неа, Америго презема драстичен чекор и така се оддалечува од семејството...