Љиљана Благојевиќ
Љиљана Благојевиќ (Белград, 5 ноември 1955) е српска театарска, филмска и телевизиска глумица.
Има одиграно преку педесет улоги во театар, а најпознати се: ”Лекција” – Јонеско, ”Жак или покорност” – Јонеско, ”Галеб” – Чехов, ”Генерал Милан Недиќ” – Синиша Ковачевиќ, ”Злоставување” – Андриќ, ”Вирус” – Синиша Ковачевиќ, ”Љубинко и Десанка” – Аца Поповиќ, ”Јанез” – Синиша Ковачевиќ, ”Башбунар” – Аца Поповиќ, ”Нечисти раце” – Сартр, ”Големата драма” – Синиша Ковачевиќ, ”Ужалена фамилија” – Бранислав Нушиќ, ”Зајачки насип” – Синиша Ковачевиќ, ”Црно млеко” – Сигарјов, ”Женидба” – Гогољ, ”Воена тајна” – Душан Јовановиќ.
Признанија[уреди] Добитничка е на најзначајнији награди на овие простори: Царица Теодора, Златна колајна на Фестивалот на монодрама, Златна мимоза на фестивалот во Херцег Нови, Златна клапа на фестивалот во Ниш, Награда на Политика, Златна маслина на Меѓународниот фестивал во Бар, награда на ”Љубишини денови”, Награда ”Јоаким Вујиќ””, Арена на филмскиот фестивал во Нови Сад, награда на Фестиќ, Златен беочуг за придонес во културата, Оскар на популарноста, Голема повелба во Ниш, Награда на Народно позориште за најдобро глумечко остварување во театарска сезона 2001-2002, за улога на Видосава во Голема драма – Синише Ковачевиќ, награда на Монолог фестивалот во Стокхолм, Награда Бора Станковиќ на фестивалот во Врање и уште многу но исклучително еснафски признанија.
Добитник е на наградата Жанка Стокиќ во 2012,[1] како и наградата „Сергеј Бондарчук“ за посебен придонес во светската кинематографија.[2]
„Златна Антена“ - Награда за најпопуларна глумица во сезона 2011/2012 на другиот Фестивал на домашни играни серии ФЕДИС за улогата на Наѓа Бачиќ во серијата „Будва на пена од море“
Љиљана Благојевиќ е сопруга на драмскиот писател и режисер Синиша Ковачевиќ со кого има ја имаат ќерката, исто така глумица Калина Ковачевиќ. Заједно со сопругот ја основале продуцентската куќа „AVE SERBIA“ и била продуцент на филмот „Синовци“.