Јустин (филм од 1969)
„Јустин“ (англиски: Justine) – филм на режисерот Џорџ Кјукор (George Cukor) и Џозеф Стрик (Joseph Strick) од 1969 година, снимен по сценариото на Лоренс Б. Маркус (Lawrence B. Marcus) и Ендрју Сарис (Andrew Sarris). Главните улоги ги играат: Анук Еме (Anouk Aimée), Дирк Богард (Dirk Bogarde), Мајкл Јорк (Michael York) и Роберт Форстер (Robert Forster) Филмот е заснован врз истоимениот роман на Лоренс Дарел од 1957 годоина, кој е дел од циклусот „Александриски квартет“.[1]
Синопсис
уредиДејствието на филмот се одвива во Александрија во 1938 година. Младиот британски учител Дарли се среќава со Пурсворден, служебник во британскиот конзулат, а тој го запознава со Јустин, жената на египетски банкар. Дарли се спријателува со неа и открива дека таа е вмешана во завера против Британците, а со цел да се обезбеди вооружување на еврејското движење на отпорот во Палестина.