Јурумангиски јазик

(Пренасочено од Јурумангуи јазик)

Јурумангискиот е исчезнат јазик во Колумбија. Денес, овој јазик ни е познат преку кратка список на зборови и фрази забележани од отец Кристовал Ромеро, кој пак ја дал списокот на капетан Себастијан Ланчас де Естрада за да подоцна ја објави во својот извештај во 1768. Од тогаш на јазикот и говорниците им се губи историски запис.

Списокот бил пронајден низ државните архиви и бил повторно објавен со анализа и коментаро од страна на Ривет во 1942 година кој пак тврдел дека јазикот бил дел од хоканските јазици. Ова тврдење сè уште не е прифатено во целост.

Користена литература

уреди
  • Loukotka, Čestmír (1968) Classification of South American Indian Languages. University of California, Los Angeles.
  • Poser, William J. (1992) The Salinan and Yurumanguí Data in Language in the Americas. International Journal of American Linguistics 58.2.202-22.PDF
  • Rivet, Paul (1942) Un dialecte Hoka Colombien: le Yurumangí. Journal de la Société des Américanistes de Paris 34.1-59.

Поврзано

уреди