Јуриј Трифонов

Јуриј Валентинович Трифонов (руски: Юрий Валентинович Трифонов; 1925-1981) - руски писател.

БиографијаУреди

Трифонов е роден во Москва, во 1925 година. Студирал на книжевниот универзитет „Горки“.[1]

ТворештвоУреди

Трифонов е претставник на т.н. „урбан стил“ во современата руска книжевност, зашто го прикажува секојдневниот живот на градското население. Исто така, во своите дела ги обработува историските настани од времето на граѓанската војна во која учествувале татко му и стрико му. Во раната фаза од кариерата, неговиот роман „Студенти“ бил награден со Сталиновата награда. Негови поважни дела се: „Размена“, „Долго збогување“, „Старецот“, „Куќата на насипот“ и „Исчезнување“.[2]

НаводиУреди

  1. Riba, patka, vodozemac: Priče o životinjama (Priredila Ljubica Arsić). Beograd: Laguna, 2014, стр. 304.
  2. Riba, patka, vodozemac: Priče o životinjama (Priredila Ljubica Arsić). Beograd: Laguna, 2014, стр. 304.