Јултаги или еореум е традиционална корејска изведба на одење по јаже. Вклучен е во важните нематеријални културни наследства на Јужна Кореја.

Потекло

уреди

Нема докази кога настанала оваа акробатска изведба. Некои научници претпоставуваа дека се појавила во ерата на Сила и Корјо. Стана попозната во ерата на династијата Чосон и сè уште постои до ден-денес.

Тоа е различно од стиловите на одење јаже во другите земји, бидејќи обично е придружено со музички пуштања со раскажување приказна за да се забавуваат гледачите.[1] Јултаги се изведува на државни празници во Јужна Кореја. Во Корејското народно село што се наоѓа во Сеул, оваа игра се презентира како претстава, за да ги забавува туристите. Во минатото се изведуваше и на настани што се одржуваа во кралската палата, на банкети на високи владини службеници или на селски фестивали.

Изведбата на одење по јаже е составена од свирач на јаже, кловн и свирачи на музички инструменти.

Пример за овие претстави може да се види во филмот Кралот и кловнот.[2]

Техника

уреди
 
Настап на Јултаги во Корејското народно село во Сеул

Постојат повеќе од 40 видови Јултаги техники, вклучувајќи одење по тесно јаже како основно движење, обратно одење по него, скокање со едната нога на него, седење и лежење на него, а понекогаш и преправање дека изведуавачот паѓа. Друг елабориран трик за одење по јаже е скокањето нагоре. Откако ќе клекнете на јажето со едното колено и потоа ќе се најдете во седечка положба на јажето со прекрстени нозе. Некои стручни одење на јаже содржат скокање напред, додека стојат на јажето без да паднат.[3]

Наводи

уреди
  1. „Jultagi“. Cultural Heritage Administration. April 16, 2018.
  2. „[KING AND THE CLOWN SPECIAL] 왕의 남자 (The King and The Clown) [Part 3]“. twitchfilm. October 4, 2007. Архивирано од изворникот на 2009-08-19. Посетено на 2023-09-24.
  3. „Jultagi, A Korean Tightrope Performance“. ArirangTV. October 22, 2007. Архивирано од изворникот на 2021-01-31. Посетено на 2023-09-24.

Надворешни врски

уреди
  • 줄타기 (на корејски и англиски јазик)