Јулиј Цезар Розентал

Јулиј Розентал (на полски: Juliusz Rozenthal) бил поет и револуционер, член на Македонската револуционерна организација - Македонска револуционерна организација.

Биографија

уреди
 
Четата на Никола Дечев. Розентал е прв од лево кон десно

Јулиј Розентал бил роден на 14 јуни 1872 година во Иркутск, во семејството на полскиот лекар Август фон Розентал кој бил прогонет на 25 години во Сибир, Русија. Негов брат бил уметникот Август Розентал.

Околу 1882 година семејство Розентал се преселило во Бугарија (првично во Источна Румелија). Јулиј учел во Габровската гимназија, но бил избркан заедно со брат му, заради „пропаганда на социјализмот меѓу соучениците““.

Подоцна предавал во училиштата во Велико Трново и Нов Загора. Се запишал на правни студии на Софискиот универзитет. Во исто време, под влијание на Пејо Јаворов, влегол во редовите на ВМРО. Во август 1902 година илегално влегол во Македонија и два месеци спроведувал обука за работа со експлозивни материјали за четниците на организацијата. Заедно со Александар Соколов служел во четата на велешкиот војвода Никола Дечев и бил избран за секретар и командир на „техничкото одделение“. Со четата заминал во Македонија за да учествува во Илинденско востание. Загинал во битка кај кратовското село Луково 12/25 септември 1903 година. Одредот бил опкружен со редовни трупи и башибозук на турскиот аскер. Розентал предводел група бомбаши, но бел тешко ранет во ногата. Кога преживеаните четници се обиделе да се повлечат, тој решил да остане на позиција за да ги заштити.

Бил преведувач и поет, во своите песни главно ја опишал борбата на Македонија за слобода. Учел заедно со македонските народни херои Гоце Делчев и Јане Сандански и се борел со нив во Илинденското востание.

Уште додека бил средношколец го превел романот „Со оган и меч“ на Хенрик Шенкевич.[1] на бугарски јазик и го објавил во „Македонија“.

По неговата трагична смрт, Антон Страшимиров.[2] го собрал целото дело на Розентал, околу 90 песни и ги објавил во стихосбирката „Неиспеани песни“, во Софија во 1904 година. Читајќи ја оваа поетска книга лесно може да се види дека темите кои се повторуваат во неговите песни се борбата за ослободување од окупираниот народ како и борбата народот да живее во хармонија. Меѓу овие песни има две песни посветени на Македонија

Христо Силјанов напишал:

Чисти во своите младешки пориви, неодоливо љубезни слики кои се искачуваа од задгробното царство на светите македонски сенки, и земаа месо и крв, застанаа во тој момент пред мојот солзен поглед... Јулиј Розентал, студентот-поет со русокосата остра брада, искосена од турскиот куршум во самото деби на неговото читање...


Надворешни врски

уреди
  • Страшмировъ, А (1924). „Юлий Ц. Розенталъ“ (PDF). Пиринъ. София. II (24): 1.

Наводи

уреди
  1. Аврамовъ, Стефанъ (1930). „Юлий Розенталъ“ (PDF). Илюстрация Илиндень. София: Издание на Илинденската Организация. 3 (9 (29): 7.
  2. Енциклопедия България, том 5. София: Издателство на БАН. 1986. стр. 810.