Југомексикански песни

Југомексикански песни, познати како ЈуМекс[1] или Хрватски мексикански песни[2] се мексиканските традиционални композиции кои се преведени на хрватски и кој било друг јужнословенски јазик (освен бугарскиот[3]) или се изведени од музичари и пејачи од бившата СФРЈ.

Популарноста на мексиканската музика во Југославија рапидно се зголемила со емитувањето на филмот Un día de vida во кинотеките. Филмот пристигна во Југославија по затегнување на односите со Советскиот Сојуз во 1950[4] година кога граѓаните на Југославија почнаа психолошки и идеолошки да ги прифаќаат обичаите на Мексико.

Со подигнување на феноменот југомексиканци се формираа повеќе маријачи групи во кои преовладуваа Хрвати [5] од кои најпознати во тоа време Los cabaleros, El Combo, 4 Amigos и Paloma.

Во Македонија, мексиканската музика била најзастапена со домашната група „Мањифико“, наградена со орден од претседателот на Мексико.

Наводи

уреди
  1. Славко Перовиќ, 1969, Хрватске новости
  2. HRT Slika Hrvatske, „Хрватските маријачи“, 2010
  3. СРТ, 1970, „Југословенска музика“. Маријачи музиката во СФРЈ
  4. Хрватски Мексиканци, HRT 2. 2009
  5. Весник „Гледне“. 23.01.1960 година, Хрвати со мексикански таленти. стр 13