Јосиф Наумовски
д-р Јосиф Наумовски (починат во Скопје, на 22 декември 2017) — доктор на медицински науки, истакнат интернист-кардиолог и еден од основоположниците на коњичкиот спорт во Македонија, хуманист и вљубеник во уметноста.
Јосиф Наумовски | ||
Починал | 22 декември 2017 Скопје, Македонија | |
---|---|---|
Занимање | доктор |
Животопис
уредиНаумовски уште во 70тите години на XX век бил еден од носителите на идејата за заживување на коњичкиот спорт во Македонија. Важел за голем хуманист и вљубеник во уметноста, кого помладите македонски спортисти го паметат и како инспиратор на многу амбициозни проекти поврзани со коњичкиот спорт. Најпознат бил како врвен кардиолог кој зад себе имал богата професионална кариера. Починал во Скопје на 22 декември 2017 година.[1]
Наводи
уреди- ↑ „Почина кардиологот Наумовски“. Архивирано од изворникот на 2017-12-23. Посетено на 2017-12-22.