Јорданчо Василковски – Оцко
Јорданчо Василковски – Оцко (3 септември 1984, во Скопје) — македонски текстописец кој живее и работи во Бугарија.[1]
Јорданчо Василковски – Оцко | ||
Родена | 3 септември 1984 Скопје |
---|
Биографија
уредиЈорданчо Василковски уште од детството бил заинтересиран за музика и посетувал музичко училиште во Скопје, отсек класична гитара. Првата композиција ја компонирал на 14 години за македонската група XXL. Веднаш потоа започнал да работи со многу други пејачи и композитори од различни земји, како: Албанија, Хрватска и Србија. Во 2012 година започнал да работи со турски и израелски уметници. Во 2007 година потпишал договор со издавачката куќа „АРА МЈУЗИК“ и почнла напорно да работи за Бугарија. Неговата прва композиција за бугарската сцена е песната на Алисија, наречена „Черно кафе“. Потоа продолжил да работи со останатите уметници од „АРА МУЗИК“. Некои од нив се Емануела, Ивена, Викторија, Стефани, Џина Стоева, Вања, Дамјан, Ангел, Крум, Теодора... Во 2011 година започнува да работи за најголемата издавачка куќа во Бугарија - "PAYNER" со која ги има создадено некои од најголемите бугарски хитови - "Докраи", "По-страшно", "Да вида како е", "Ден ми", „Да ти викна ли такси“ и многу други. Неговата креативна работа е ценета и добитник е на награди како:
- музичката награда „НОВ ФОЛК“ за музичар на годината во 2012 година;
- музичката награда „Планета ТВ“ „Хит на годината“ во 2012 година со неговата „DA VIDYA KAKVO E“.
Наводи
уреди- ↑ „Ocko Vasilkovski :: Biografia“. www.teksteshqip.com. Посетено на 2022-05-03.