Јорганџија
Јорганџија — вид занаетчија кој се занимава со правење (изработка) на јоргани, перници и душеци[1].
Постапка на изработка
уредиПроизводство некогаш
уредиЈорганџија рачно ги прави своите производи. Алати кои ги користи при работата се ножици, игла, конец, машина за шиење. Јорганот се шие од платно и се полни со памук, за да не би испаднал материјалот со кој е наполнет се шие со конце. Јорганџии продавале и по мерка по која купувачите ги нарачувале производите. Некогаш за правење на јорганџиски производи се користеле воглавно природни материјали како што се волна и памук, а производите биле тешки и подолго траеле.
Производство денес
уредиЈорганџиски производи можеме уште некаде да најдеме, воглавно на пазари и панаѓури.
Со овој занает денес малку кој се занимава па тој е во изумирање. Полесно е да се произведува со современи машини и да се купуваат производите бидејќи старите традиционални занаети не донесуваат заработка
Наводи
уреди- ↑ „јорганџија“. ДИГИТАЛЕН РЕЧНИК НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК. Посетено на 17.01.2021. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=
(help)
Надворешни врски
уреди- „Јорганџије одлазе у заборав“. Новости. Посетено на 27 април 2017.