Јонаголд е сорта на јаболко која е хибрид помеѓу сортите Златен Делишес и Јонатан. Ова јаболко е големо и слатко со тенка лупка. Меѓутоа заради нивната големина, овие јаболка не се одгледуваат на големо во многу земји во светот. Јонаголдот е триплоид, што значи дека не само што бара друга сорта на јаболко за опрашување, туку исто така и не дава свој полен.

Јаболка „Јонаголд“
Јаболка „Јонаголд“