Јован Фридрих (војвода на Виртемберг)

Јован Фридрих (германски: Johann Friedrich; 5 мај 1582, во Монбелијар – 18 јули 1628) — војвода на Виртемберг од 4 февруари 1608 година до неговата смрт на 18 јули 1628 година додека бил на пат за Хајденхајм.

Јован Фридрих
Војвода на Виртемберг
На престол1608-1628
ПретходникФридрих I
НаследникЕберхард III
Роден(а)5 мај 1582
Монбелијар
Починал(а)18 јули 1628
Хајденхајм на Бренц
СопружникБарбара Софи од Бранденбург
Полно име
македонски: Јован Фридрих
германски: Johann Friedrich
ДинастијаДинастија Виртемберг
ТаткоФридрих I
МајкаСибила од Анхалт

На 28 мај 1617 година, Јован Фридрих склучил договор со голем број од неговите многубројни браќа; на најстариот од неговите помали браќа, Лудвиг Фридрих му била дадена грофовијата Монбелијар - сè уште не целосно независен од Војводството Виртемберг. Следниот брат, Јулиј Фридрих го наследил неодамна стекнатиот суверенитет над Бренц и Вајлтинген, што довело до две нови гранки во Војводството; помладата линија на Виртемберг-Мемпелгард (која згаснала во 1723 година) и Виртемберг-Вајлтинген (која згаснала во 1792 година). Неговите други браќа, Фридрих Ахил и Магнус ги наследиле замоците Нојенштат и Нојенберг соодветно. Бидејќи и двајцата браќа не биле во брак кога умреле, нивниот имот бил вратен во главната линија на Војводството.