Јован Терзиев

македонски револуционер

Јован Крстев Терзиев (19041879) е македонски револуционер од Галичник, курир на ВМОРО.

Животопис

уреди

Јован Терзиев е роден во 1879 година во село Тресонче. Тој зема најживо учество како курир на ВМОРО во кичевско-галичко-реканскиот реон.[1]

За време на една инспекциска служба на Даме Груев во селото Селце, со другарите како обезбедување на Даме Груев и неговите другари, Јован бил предаден од Зоге Мавровецот на османлискиот аскер. На барање да каже каде е четата тој одбил, велејќи дека ништо не знае. Потоа бил подложен на најужасни ѕверски мачења, но ништо не издал. Му биле извадени очите, му ја откинале едната рака, по што бил убиен од аскерот. Тоа се случило во 1904 година, есента. Така Јован загинал во страшни маки без да го издаде Даме Груев и ја зачувал четата на галичко-реканскиот крај.[2]

Наводи

уреди
  1. Спомени на Апостол Фрчковски, родум од гр. Галичник
  2. Реканско Галички војводи, преземено од http://mn.mk