Јован Ѓиноски

македонски револуционер

Јован Трпков Ѓиноскимакедонски револуционер, галички војвода на ВМОРО, учесник во Илинденско востание

ЖивотописУреди

Јован Трпков Ѓиноски е роден во 1860 година во Галичник. Се школувал во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“[1]. По занает бил мајстор претприемач. Бил реонски начелник на ВМОРО во галичко-реканската околија до 1 јули 1903 година.[2]

Какo реонски началник и организатор на галичко-реканскиот револуционерен реон тој се покажал како голем организатор и многу тактичен во своите дејства.

На 16 септември 1913 година бил убиен во Дебар на најѕверски начин од страна на Србите.

НаводиУреди

  1. Енциклопедија Македоника, стр. 359, МАНУ, Скопје, 2009 г.
  2. Реканско Галички војводи, преземено од http://mn.mk