Јованови посланија
Јованови посланија — три од соборните посланија на Новиот завет за кои се смета дека се напишани помеѓу 85 и 100 г.[1] Највеќето стручињаци се согласуваат дека трите се дела на еден ист автор, иако неговиот идентитет останува нерешено прашање.[2][3][4]
Прво послание
уредиОва послание, за разлика од другите две, е напишано повеќе како проповед, наменета меѓу луѓето да ја зајакне верата во Христа, да им образложи зошто тој, како Син Божји можел сепак да има овоземски живот и да пострада човечка смрт.[5]
Второ послание
уредиПосланието е напишано како кратко писмо од „презвитерот“ (старешината) до неименувана „избрана госпоѓа“ и нејзините чеда кои ги љубел.[6] Во писмото Јован предупредува да не се примаат во домот измамници (лажни учители), придржување кон вистината и избегнување на таинственоста.
Трето послание
уредиТретото послание исто така е кратко писмо од „презвитерот“ упатено кон извесен Гај како возљубен пријател. Се зборува за Диотреф кого Гај го изгонил од црквата поради властољубието и тоа што поттикнувал непријателство против духовните пратеници во црквата. Се смета дека посланието го доставил Димитриј, кој исто така е споменат во него.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Tenney, Merrill. „THE EPISTLES OF JOHN“. www.abideinchrist.com. Посетено на 27 септември 2012.
- ↑ Kruger, Michael J. (30 April 2012). My library My History Books on Google Play Canon Revisited: Establishing the Origins and Authority of the New Testament Books. стр. 272. ISBN 9781433530814.
- ↑ Brown, Raymond E. (1988). The Gospel and Epistles of John: A Concise Commentary. стр. 105. ISBN 9780814612835.
- ↑ Marshall, I. Howard (14 July 1978). The Epistles of John. ISBN 9781467422321.
- ↑ „THE EPISTLES OF JOHN“. www.earlychristianwritings.com. Посетено на 27 септември 2012.
- ↑ Missler, Chuck. „A Timely Study: The Epistles of John“. khouse.org. Посетено на 27 септември 2012.