Јајчарка
Јајчарка (науч. Amanita caesarea) — вид на печурка. Јајчарката е печурка која се конзумира и може да се пронајде во Јужна Европа и Северна Африка. Иако научно била опишана во 1772 година од Џовани Антонио Скополи, печурката била познат деликатес меѓу водечката елита на Римското Царство.[1]
Јајчарка | |
---|---|
Научна класификација [ у ] | |
Царство: | Габи |
Оддел: | Столпчести габи |
Класа: | Агарикомицети |
Ред: | Ресести габи |
Семејство: | Пупавки |
Род: | Пупавка |
Вид: | Јајчарка |
Научен назив | |
Amanita caesarea (Scop.) Pers. (1801) | |
Синоними | |
|
Име
уредиЛатинското научно име на печурката е amanita caesarea. Најчесто користено македонски име во Македонија е „јајчарка“, но се користат и поимит „булка“, „царска печурка“ или „благва“.
Опис
уредиЗачетокот на печурката е во чаура во вид на јајце во бела боја од која излегува телото на печурката. Печурката претпочита топли и суви места, листопадни шумски предели. Најчесто може да се сретне во дабови шуми и насади на питом костен.
Шапката на печурката има големина од 8 до 30 см пречник. Во раната фаза на растот има јајцевидна форма, а потоа станува во вид на полутопка. Често е мазна. Дршката има големина од 5 до 15 см и е во цилиндрична форма.
Јадливост
уредиОваа печурка е јадлива и е со извонреден квалитет. Само треба да се внимава, при самата берба, да не се помеша со видот на печурка мувоварка (Amanita muscaria), која е отровна,
Галерија
уредиНаводи
уреди- ↑ Volk, Tom. „Tom Volk's Fungus of the Month for March 2002“. Посетено на 17 November 2012.
Надворешни врски
уреди- Јајчарка на zelenaberza.com.mk
- „Јајчарка“ на zemjodelie.mk