Јајце (расказ)
„Јајце“ (српски: Јаје) — расказ на српскиот писател Милорад Павиќ. Првобитно, расказот е објавен во 1979 година, како дел од збирката „Руски 'рт“.
Содржина
уредиСтудентката Еустахија Зориќ купува тетратка и прави инвентар на своите сонови. Еднаш, во весникот гледа оглас во кој некое семејство бара учител по француски јазик за своите две деца, се пријавува и ја добива работата. Цело време, таа учи само едно момче, а на крајот на месецот добива плата како за двајца ученика. Тогаш, од детето дознава дека еден дел од платата е за неговата сестра, која тоа никогаш ја нема видено, а за која мајка му тврди дека живее со нив. Тогаш, Еустахија ги заборава сегашното и минатото време од францускиот јазик, а наскоро, дури ни на мајчинито јазик не е способна да мисли и да зборува во минато и во сегашно време. Истовремено, таа забележува дека забрзано ѝ растат ноктите. Затоа, таа дава отказ од работата, а кога случајно ја пронаоѓа својата тетратка, таа сфаќа дека живее во соновите, зашто во нив нема сегашно и минато време. Таа, дури помислува и да изврши самоубиство, меѓутоа се премислува. Многу години подоцна, таа живее со едно тричлено семејство кое воопшто не обрнува внимание на нејзиното присуство.[1]
Наводи
уреди- ↑ Milorad Pavić, Ruski hrt i nove priče. Beograd: Književne novine, 1986, стр. 105-113.