Јарец (кована пара од 2018 година)


Јарецкована пара за колекционерски цели издадена од страна на Народната банка на Република Македонија во 2018 година.

Јарец
Лице
Опачина
Поединости
Серија Хороскопски знаци
Номин. вредност 100 денари
Метал сребро 925
Тежина 23,3 г
Димензии 37 х 37 мм
Облик квадратен
Издадена 2018
Цена 2.800 ден.

Опис уреди

Лице уреди

На лицето, во средишниот дел на монетата се прикажани четири атласа кои го држат небото и круг со симболите на сите хороскопски знаци. На вметнато кобалтно стакленце е претставена слика на северното небо со ѕвездата Северница во средината, опкружена со соѕвездието Јарец. Во долниот дел е претставен цртеж на Сончевиот Систем. Во позадината е прикажан дел од картата на небото. Во долниот дел од лицето на парата е прикажан Грбот на Република Македонија и годината на издавање на монетата - „2018“. Исто така, прикажани се и натписите на македонски јазик: „Република Македонија“ и „100 денари“.[1]

Опачина уреди

На опачината, во горниот дел од монетата е претставена слика на ѕвездениот атлас Firmamentum Sobiescianum, создаден од Јоханес Хевелиј на крајот на 17 век, со слика на соѕвездието Јарец на вметнато кобалтно стакленце и симболот на хороскопскиот знак Јарец во горниот дел од монетата. Во долниот дел е претставена слика на козорог (наречен и дивокоза) на позадина на цртеж на кој е претставен Сончевиот Систем. На левата страна е прикажано латинското име на хороскопскиот знак - CAPRICORNUS, а на десната страна ознаката „Ag925“.[1]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 „Кована пара за колекционерски цели: „Јарец". Посетено на 8 јануари 2018.