Јаноа II
Јаноа I — пештера во областа Порече во западниот дел на Македонија. Се наоѓа во долината на Мала Река (притока на Треска), веднаш покрај асфалтниот пат кој води кон село Самоков, во непосредна близина на фабриката „Сувенир“. Наречена е со името Јаноа II бидејќи во нејзина непосредна близина на оддалеченост од само 20 метри кон југ е отворот на пештерата Јаноа I, односно влезот на пештерата е сместен околу 20 м јужно од пештерата Јаноа I. Пештерата е изградена во мермери со прекамбриумска старост. Пештерскиот канал е едноставен, со должина околу 100 м. Во пештерата има травертински басени полни со вода и во сувиот период од годината. Пештерското езеро е со длабочина поголема од 2 м, а водата во него се претпоставува дека е со потекло од реката Мала Река. Од пештерските украси доминантно се застапени сталактити на кои се имаат формирано хелектити, сталагмити, пештерски столбови и драперии. Сите украси се со жолтеникава боја.[1].
Јаноа II | |
---|---|
Поглед кон отворот на пештерата | |
Место | Самоков, Порече, Македонија |
Должина | 100 м |
Галерија
уреди-
Отворот на пештерата
-
Отворот на пештерата
-
Внатрешноста на пештерскиот канал
-
Внатрешноста на пештерскиот канал
-
Пештерски облици во внатрешноста
-
Пештерски облици во внатрешноста
-
Пештерски облици во внатрешноста
-
Пештерски облици во внатрешноста
-
Пештерски облици во внатрешноста
-
Пештерски облици во внатрешноста
-
Поглед од внатрешноста кон отворот
-
Поглед од внатрешноста кон отворот
-
Поглед од внатрешноста кон отворот
Надворешни врски
уреди- Јаноа пештера 2 — галерија со слики од пештерата Јаноа II на мрежната страница на ЈПУЗПП природен резерват „Јасен“
Наводи
уреди- ↑ Темовски; Марјан, Гичевски; Билјана (3 јануари 2015). „Пештера Јаноа II“. Exploring Society "Ursus Speleos" //\\ Истражувачко Друштво "Урсус Спелеос" (Facebook страница). Посетено на 30 октомври 2018.