Јани Воденичаров — македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација.

Јани Воденичаров
Роден 2 април 1882
Лозенград, денешна Турција
Починал непознато
непознато

Животопис

уреди

Воденичаров е роден во 1870 година во Лозенград, тогаш во Османлиското Царство, денес Кркларели, Турција. Братучед е на Стојчо Воденичаров. Добива прогимназиално образование и работи како бакалничар. Влегува во ВМОРО. Станува член на Лозенградскиот револуционерен комитет во 1902 година. Во август 1903 година станува пунктовен началник на ВМОРО во селото Кзклисе (денес Момина црква), Бургаско. Кон крајот на востание влегува во четата на Иван Варналиев како секретар и учествува во нападот на турското село Каланџа (денес Синеморец).

Во февруари 1904 година е делегат е на Варненскиот конгрес на Одринскиот револуционерен округ. Се враќа во Лозенград. Во пролетта 1908 година е уапсен и осуден на 3 години затвор, но е ослободен по Младотурската револуција [1][2].

Извори

уреди
  1. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893 – 1934). Биографично-библиографски справочник. София, 2001, стр. 27.
  2. Спомени на Стойчо Воденичаров, во: „Дневници и спомени за Илинденско-Преображенското въстание“, Издателство на Отечествения фронт, София, 1984, стр. 293.