Островот Јанде е 1.300 хектарен остров, кој лежи на 20-тина километри од северниот крај на Гранд Тер, главниот остров на француската територија Нова Каледонија во Меланезија во југозападниот дел на Тихиот Океан.[1]

Меланезиските мувофаќачи се жители на островот

Опис

уреди

Островот е околу 6 км долг и 4 км широк со максимална висина од 300 м. Тој бил создаден од перидотити и има груб терен со стрмни падини и карпести крајбрежја. Источното и северното крајбрежје има стрмни карпи и мали песочни заливи што се наоѓаат на излезите од долината. Западниот брег има понежна топографија со рамен гребен кој затвора лагуна со крајбрежни ризофори. Голем дел од островот е покриен со грмушеста вегетација, но има области со сува шума и нијаули.[1]

Важна Птичја Област

уреди

Островот е признат како важна птичја област (ВПО) од страна на BirdLife International затоа што поддржува населенија од црвено-стомачни овошни гулаби, бело-стомачни гушари, сивоушести медојадачки, новокаледонски мизомели, лепезноопашести геригони, новокаледонски свирачи, долгоопашести трилери, меланезиски мувофаќачи, зеленогрбни белооки и пругасти песнопојќи. На островот се наоѓа и единствената познато население на подвидот на островскиот дрозд Turdus poliocephalus xanthopus.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 „Yandé Island“. BirdLife Data Zone. BirdLife International. 2021. Посетено на 23 февруари 2021.