Јамно
Јамно (полски: Jamno) познато и под називот Гамел (полски - Gamel) — крајбрежно езеро во Полска. Се наоѓа на Западнопоморското крајбрежје во Западнопоморското Војводство. Езерото порано претставувало залив во Балтичкото Море, но со текот на времето се одвоило од морето. Површината на езерото изнесува 22 км² (деветто по големина во Полска), а најголемата длабочина изнесува 3,9 метри. Езерото е долго 10 км, а широко 3,4 км. Просечната длабочина на езерото е 1,5 метри. Бреговата линија е слабо развиена. Должината на брегот на езерото изнесува 29 километри. Околината на езерото Јамно и соседното езеро Буково е заштитена. Во езерото се влеваат неколку помали реки и потоци. Езерото е богато со риба и на него секоја година се одржуваат риболовни натпревари.
Јамно Jamno | |
---|---|
Јамно | |
Подрачје | Западнопоморско Војводство, Полска |
Изградено | Грешка во изразот: Непрепознаен збор „dd“ YYYY |
Полнењето почнало | Грешка во изразот: Непрепознаен збор „dd“ YYYY |
Најг. должина | 10 км км |
Најг. ширина | 3,4 км км |
Површина | 22 км² км2 |
Најг. длабочина | 3,9 м м |
Надворешни врски
уреди„Јамно“ на Ризницата ? |
- Статија за езерото на порталот на Дравенскиот национален парк Архивирано на 11 март 2007 г. (полски)
- Информации за езерото на риболовниот информативен портал (со слики) Архивирано на 28 септември 2007 г. (полски)