Јазол (Драгоманци)

археолошко наоѓалиште кај Драгоманци, Мегленско, Егејска Македонија

Јазол или Комвос (грчки: Κόμβος) — праисториска и античка населба кај селото Драгоманци, Мегленско Егејска Македонија. Била населена од неолитот, па сè до доцноримскиот период.[1]

Јазол
Κόμβος
Карта
МестоДрагоманци, Мегленско
ОбластЕгејска Македонија, Грција
Координати40°53′20″N 22°04′09″E / 40.8888° СГШ; 22.0691° ИГД / 40.8888; 22.0691
Виднаселба
Историја
Раздобјенеолит до доцноримско време
Прогласено заспоменик на културата

Месноста се наоѓа веднаш до последните југоисточни куќи на селото. Откриени се делумно зачувани земјанки од раниот неолит (6500 – 5900/5800 г. п.н.е.). Важно откритие е керамичката печка е керамичката печка од доцнобронзеното време (1600 – 1100 г. п.н.е.), како и неколку отпадни јами. Тие очигледно припаѓаат на работната зона на населбата на југ која сè уште не е откопана. Печката има округол облик, со пречник од 1,15 м, а јамата на пламената комора е во земја. Решетката над јамата е сочувана во недопрена состојба. Ова е печка била напредна технологија распространета низ Средоземјето, но реткост во Македонија. Откриени се и делница од пат и гробови од доцноримскиот период.[1]

Во 2012 г. наоѓалиштето е прогласено за заштитен археолошки споменик.[2]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Αρχαίος οικισμός Αψάλου“. Архивирано од изворникот на 2018-04-29. Посетено на 30 април 2018. Занемарен непознатиот параметар |pblisher= (help)
  2. „ΥΑ ΥΠΠΟΤ/ΓΔΑΠΚ/ΑΡΧ/Α1/Φ 17/26707/1328/16-3-2012 - ΦΕΚ 104/ΑΑΠ/3-4-2012“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2023-04-30. Посетено на 30 април 2018.