Јазично документирање

Јазично документирање — процес преку кој еден јазик се документира од јазична гледна точка. Целта на документирањето е да даде разбирлив запис на јазичните пракси кои се карактеристични за една зададена говорна заедница.[1][2][3] Јазичното документирање се стреми да создаде детален преглед на една говорна заедница, како за целите на понатамошно изучување на јазикот така и за можно јазично оживување. Документирањето исто така дава цврсти основи за јазична анализа бидејќи преку овој процес се создаваат материјали кои може да бидат цитирани.

Методологија

уреди

Јазичното документирање се врши со помош на различни алатки и методи. Најчести алатки за документирање на еден јазик се снимањето аудио-записи, транскрипција на говорот, анотација и анализа, превод на јазикот кој е во подоминантна употреба, архивирање и дисеминација. Клучно во овој процес е создавањето на квалитетни снимки при јазичниот опис. Материјалите може да бидат архивирани, но не сите материјали се подеднакво практични за раководење и не сите се подеднакво достапни за корисниците.[4]

Јазичното документирање е проследено со јазичен опис, чија главна задача е да се опише јазикот и нековиот систем на структури и правила во вид на издадена граматика и речник. При самото документирање на јазикот јазичарот се служи со записи и транскрипти зададени од страна на говорници чиј мајчин јазик е јазикот кој треба да се документира. Денес постојат и дигитални архиви за ваквите документи, како на пример AILLA or PARADISEC.

Видови на документирање

уреди

Јазичниот опис може да се одвива на повеќе дела, во зависност од видов на материјалот. Така на пример има опис врз основа на:

Поврзани области

уреди

Сродни јазични области на документирањето се:

Наводи

уреди
  1. "Documentary and descriptive linguistics", Nikolaus P. Himmelmann (1998). Linguistics 36:166. Berlin: de Gruyter.
  2. Gippert, Jost, Nikolaus P. Himmelmann, Ulrike Mosel (eds.), 2006. Essentials of Language Documentation. Berlin: Mouton - de Gruyter
  3. Woodbury, Anthony. 2003. Defining Language documentation in Peter K. Austin (ed.) Language Documentation and Description, Vol 1, 35-51. SOAS.
  4. Chang, Debbie. 2011. TAPS: Checklist for Responsible Archiving of Digital Language Resources Архивирано на 17 јуни 2013 г.. MA thesis: Graduate Institute of Applied Linguistics.

Надворешни врски

уреди