Јазици во Луксембург
Јазиците во Луксембург е поим со кој се опфаќаат јазиците кои се зборуваат на територијата на државата. Луксембург, официјално е тројазична држава. Државата има три официјални јазика, луксембуршки, германски и француски. Луксемуршкиот е национален јазик на државата.
Јазици во Луксембург | |
---|---|
Официјален јазик | германски јазик, луксембуршки јазик, француски јазик |
Главен странски јазик | англиски, шпански, италијански |
Знаковен јазик | германски знаковен јазик, француски знаковен јазик |
Демографија на Луксембург |
Сè до независноста на државата, францускиот бил престижен јазик во Луксембург. Францускиот бил службен јазик на територијата на Војводството. Германскиот се користел во политичкиот круг само како помошен, за да се стекне поголем консензус за законите кои се донесувале. Германскиот се користел во образованието, а францускиот само во средното образование. Со законот од 26 јули 1843 година и францускиот се вовел во основото образование.
Службени јазици
уредиВо државата службени јазици се луксембуршкиот, германскиот и францускиот. Германскиот и францускиот се користат во новинарството, јавните услуги и полицијата.
Сè до 1984, јазичната политика во државата се засновала на декретите од 1830, 1832 и 1834. Со нив, во администрацијата се користеле германскиот и францускиот, а луксембуршкиот немал службен стгатус.
Со уставните измени од 1984, луксембуршкиот се именувал како национален јазик и се поставил како еден од трите официјални јазика во државата. Францускиот останал како јазик на правосудството поради употребата на Наполеонскиот граѓански код во Луксембург.
Луксембуршки јазик
уредиЛуксембуршкиот јазик се изучува во претшколската возраст, а во училиштата и францускиот и германскиот. Во средното образование, само во прва година и само по еден час се учи на луксембуршки. Покрај другите два јазика, во средните училишта се изучуваат и англиски, шпански, италијански или латински.
Германскиот и францускиот јазик
уредиИако германскиот е еден од службените јазици во државата, Луксембург не бил дел од Советот за германскиот правопис од 1996 и самостојно новиот германски правопис бил воведен на територијата на Луксембург. Според весникот Luxemburger Wort, Луксембург не се смета себеси за држава каде се зборува германскиот јазик (национален јазик е луксембуршкиот) и според тоа нема право на учество во советот.[1] Сепак, Луксембург зема учество во Фракофонијата и има член во Француската академија, иако како и германскиот и францускиот е само службен јазик.[2]
Останати јазици
уредиВо државата се зборуваат и други јазици, но тие се доселенички.
Странски јазици
уредиНајзборувани странски јазици во државата се англискиот, шпанскиот и италијанскиот.
Статистика
уредиМајчин јазик и втор јазик на граѓаните во Луксембург:[3]
луксемуршки | француски | германски | англиски | други | |
---|---|---|---|---|---|
мајчин јазик | 77% | 6% | 4% | 1% | 12% |
втор јазик | 13% | 90% | 88% | 60% | Н/П |
комбинирано | 90% | 96% | 92% | 61% | Н/П |
Наводи
уреди- ↑ Luxemburger Wort, 9. August 2004
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2009-04-16. Посетено на 2013-12-03.
- ↑ Europeans and their Languages – Eurobarometer