Ѓорче Димитров Папазоски (23 август 1926 во Пештани, Охридско — 14 април 1945 во Стризивојна, Хрватска) македонски партизан, учесник во НОБ.

Животопис

уреди

Ѓорги Димитров Папазоски е роден на 23 август 1926 година во селото Пештани. Се занимавал со рибарство. Кон НОБ се приклучил доброволно на 29 август 1944 година. Во составот на Првата македонска ударна бригада 1 чета, 3 баталјон, учествува на Сремскиот фронт и загинува на позицијата кај Стризивојна на 14 април 1945 година.[1]

Наводи

уреди
  1. . Охрид и охридско во борбата против фашизмот. ЗБОРНИК на паднатите борци во народно-ослободителната борба и револуција и жртвите на фашистичкиот терор во Охрид и охридско 1941-1945. Охрид. 1976. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)