Ѓорги Петкоски
Ѓорги Борисов Петкоски (3 април 1923 во Куратица, Охридско — 28 април 1945 во Кајгана, Сремски фронт) македонски партизан, учесник во НОБ.
Животопис
уредиЃорги Борисов Петкоски е роден на 3 април 1923 година во селото Куратица. Се занимавал со земјоделство. Доброволно пристапил кон НОБ во април 1944 година. Како борец на Првата македонска бригада, 1 чета, 1 баталјон, загинува на Сремскиот фронт кај Кајгана, на 28 април 1945 година.[1]