Ѓимешка рацка овца
Ѓимешка рацка овца (унгарски: Gyimesi racka juh, латински: Ovis aries strepsiceros transsylvaniensis) — типична планинска овца.
Историја
уредиДенешниот вид на Ѓимешка рацка овца се формирал во Ердељ во текот на средниот век. Првобитното наоѓање на овој вид се ограничувало на округот Харгита и околината. Овој вид најмногу го одгледувале Секељи и Чанго кои живееле во тие краеви.
Стариот назив за овој вид бил секачменти (székácsmenti), корпонаи (korponai) и харомсеки (háromszéki). Овие имиња произлегле од имињатана местата каде најмногу се одгледувале. Во денешно време чиста раса од овие видови може да се најде единствено во Трансилванија, денешна Романија и на падините на планината Харгита од каде овој вид и потекнува. Во последните години има околу 2.000 примероци од овој вид извезено во Унгарија така да и таму постојат примероци од оваа раса.
Особини
уредиЃимешката рацка овца со надворешниот изглед многу потсетува на Унгарската рацка овца, но се разликува по своите природни особини. Ѓимешкиот вид е многу прилагодлив и издржлив. Суровата природа на снежните планински врвови е нешто што е свакодневница за овој вид. Од сите видови рацки оваци, ѓимешката има најдобра приплодност, волната е доста помека и е со чисто бела боја, со исклучок на кругот околу очите и црно-костенливата боја на завршетокот околу папците.
Тежината на мажјакот се движи помеѓу 62-86 кг, а женката од 45 до 65 кг. Овновите имаат полжасти рогови си ротација од 1,5 до 2,25°, додека некои женки дури и немаат рогови.
Ѓимешка сорта не бара полно нега и внимание, дава млеко дури до 65 литри. Млекото исто така се преработува во овчарските катуни во сиррње и урда. Ѓимешкиот вид исто така дава полно месо чиј вкус е ценет и со многу малку лој. Скоро во текот на целата година, освен во исклучително ладни зими, стадата се на планините каде имаат доволно храна.
Ѓимешка рацка овца во Унгарија е на списокот на заштитени видови.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- Történelmi állatfajtáink enciklopédiája, szerk.: Tőzsér János, Bedő Sándor, Mezőgazda Kiadó, Budapest, 2003 ISBN 963-286-059-4
- Jávor András – Kukovics Sándor – Dunka Béla: Régi magyar juhfajták, Mezőgazda Kiadó, (2006) ISBN 963286316X