Ѓавол (филм од 2010)
Ѓавол (англиски: Devil) — американски мистичен детективски трилер од 2010 г., во режија на Џон Ерик Даудл врз основа на приказната на М. Најт Шјамалан и сценарио на Брајан Нелсон. Премиерата се одржала на 17 септември 2010 г. во САД. Заплетот на филмот раскажува како неколку луѓе што се наоѓаат во заглавен лифт на крајот сфаќаат дека и самиот Ѓавол е меѓу нив.[2]
„Ѓавол“ | |
---|---|
Плакатот на македонски јазик | |
Режисер | Џон Ерик Даудл |
Продуцент |
|
Главни улоги | |
Музика | Фернандо Веласкес |
Кинематографија | Так Фуџимото |
Монтажа | Елиот Гринберг |
Студио | |
Дистрибутер | Universal Pictures |
Премиера | 17 септември 2010 г. (САД) |
Времетраење | 80 минути[1] |
Земја | САД |
Јазик |
|
Буџет | 10 милиони долари |
Бруто заработка | 62,6 милиони долари |
Содржина
уредиПет странци се заглавени во лифт. Додека се чека да се поправи лифтот, тие таинствено умираат. Излегува дека еден од нив не е човек, туку ѓавол и дека единствениот начин да се спасат е да ги исповедаат своите гревови.
Улоги
уредиГлумец | Улога |
---|---|
Крис Месина | детектив Боуден |
Логан Маршал-Грин | Ентони „Тони” Џенковски (механичарот / бивш војник) |
Бојана Новаковиќ | Сара Каравеј (младата жена) |
Џефри Аренд | Винсент „Винс” Макормик (продавачот) |
Џени О’Хара | Џејн Ковски (постарата жена) |
Боким Вудбајн | Бенџамин „Бен” Ларсон (чуварот) |
Мет Крејвен | Ластиг (обезбедувањето на зградата) |
Џејкоб Варгас | Рамирес (обезбедувањето на зградата) |
Џозеф Кобден | Двајт (мајсторот за лифтови) |
Џошуа Пис | детектив Марковиц |
Каролин Даверна | Елза Нахај |
Наводи
уреди- ↑ „Devil“. The Numbers. Архивирано од изворникот 13 November 2012. Посетено на 27 December 2012.
- ↑ Ryan, Tim (September 17, 2010). „Devil Screening“. Rotten Tomatoes. Los Angeles, California: Fandango Media. Посетено на December 11, 2010.
Надворешни врски
уреди- Devil на Семрежната филмска база на податоци (англиски)