Ѓаволски мост (Беласица)
Ѓаволски мост — планински мост на северните падини на Беласица над селото Смолари. Мостот е над карпеста провалија длабока 15 метри и се наоѓа во непосредна близина на македонско-грчката граница на надморска висина од 1522 метри. Првиот документиран податок за постоење на широк дрвен мост е од периодот на Првата светска војна, од 1914 година. Бил изграден од бугарската армија за време на воените операции.
Ѓаволски мост | |
---|---|
Ѓаволскиот мост во 1920-тите | |
Носи | пешаци |
Преминува | карпеста провалија |
Место | Беласица |
Местоположба | |
Мостот бил дрвена конструкција. До почетокот на 1970-тите го користела граничната патрола, но потоа се распаднал.[1]
Во јули 2021 година, мостот бил обновен од страна на планинарскиот клуб „Ентузијаст“ од Струмица и е достапен за планинари, велосипедисти и мотоциклисти.[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „По речиси еден век обновен „Ѓаволски мост" на Беласица“. Посетено на 7 март 2024.