Хаџи Лала (турски: Hacı Lala) — старо скопско маало.

     Позиција на маалото во рамките на Скопје во 1899 година.

Местоположба уреди

Тоа било крајното источно маало на тогашното Скопје и од него започнувал патот кон село Трубарево и селата кон Блатија. Соседни маала му биле Кебир Мехмед Челеби и Искендер Гази. Од Камениот мост било оддалечено 1100 метри источно.

Историја уреди

Маалото било основано од муслимани, но поради тоа што било крајно маало, започнала фаза на населување на христијани од околните села. Како такво, мешано, е забележано во опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година. Имало 15 муслимански и 8 христијански домаќинства. Биле забележани 21 мажи муслимани со едно новороденче и 14 мажи христијани со 2 новороденчиња. Шест мажи муслимани и 22 мажи христијани биле заведени како доселеници, што докажува дека во маалото се одвивал процесот на доселување христијанско население од селата. [1][2]

Сегашност уреди

Денес маалото непостои. На негово место се наоѓа бензиската пумпа Макпетрол, булеварот „Гоце Делчев“ и мостот „Беласица“, а од спортива е молот „Ист Гејт“.

Наводи уреди

  1. Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на муслиманското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2020.
  2. Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на христијанското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2021.