Искендер Гази (турски: İskender Gâzi) — старо скопско маало.

     Позиција на маалото во рамките на Скопје во 1899 година.

Местоположба уреди

Ова маало било крајното маало на Скопје, од каде што потоа продолжувал патот кон градот Куманово. Северно од него не наоѓало маалото Крњево, јужно од него било маалото Хаџи Лала, а западно било Кебир Мехмед Челеби маало. Пред влезот на маалото имало зеленило. Од плоштадот Македонија било оддалечено 1230 метри источно.

Историја уреди

Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, маалото било мешано со муслиманско и христијанско население, одонсно со 18 муслимански и 11 христијански домаќинства. Христијанското население се населувало најчесто од селата на Скопската Котилина. На овој попис биле забележани 37 мажи муслимани, со 8 новороденчиња и 32 мажи христијани со едно новороденче. Кај муслиманските домаќинства биле забележани и 9 мажи коишто се населиле во маалото во скоро време. Се проценува дека маалото во тој период имало 174 жители.[1][2]

Сегашност уреди

Денес во рамките на некогашното маало има куќи и целото маало се смета за дел од поновото Карадаг Mаало. Низ маалото поминуваат улиците „Хусеин Бајрам“ и „Лазе Томи“. Спорти ова маало се наоѓа молот „Источна Порта“.

Наводи уреди

  1. Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на муслиманското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2020.
  2. Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на христијанското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2021.