Коџаџик

село во Општина Центар Жупа

Коџаџик — село во Општина Центар Жупа, во областа Жупа, во околината на градот Дебар.

Коџаџик

Воздушен поглед на селото Коџаџик

Коџаџик во рамките на Македонија
Коџаџик
Местоположба на Коџаџик во Македонија
Коџаџик на карта

Карта

Координати 41°26′43″N 20°36′6″E / 41.44528° СГШ; 20.60167° ИГД / 41.44528; 20.60167
Регион  Југозападен
Општина  Центар Жупа
Област Жупа
Население 146 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1258
Повик. бр. 046
Шифра на КО 08022, 08021
Надм. вис. 1.100-1.170 м
Коџаџик на општинската карта

Атарот на Коџаџик во рамките на општината
Коџаџик на Ризницата

Географија и местоположба уреди

Селото се наоѓа во средишниот дел на територијата на Општина Центар Жупа. Припаѓа на областа Дебарска Жупа, сместено на југозападната падина на планината Стогово.[2] Селото е планинско, чии куќи се издигаат на надморска височина од 1.000 до 1.170 метри. Од градот Дебар, селото е оддалечено 19 километри.[2]

Низ селото поминува регионалниот пат 2249.

Историја уреди

Подрачјето на Коџаџик е населено уште од железното време, за што сведочат повеќе наоѓалишта во неговата околина.[3]

Во близина на денешното село се одвивала опсадата на Светиград во 1449 година, кога отоманските сили го поразиле Скендербег.

Стопанство уреди

Атарот на селото зафаќа простор од 12,6 км2, при што преовладуваат пасиштата со површина од 741 хектар, на шумите отпаѓаат 213 хектари, а на обработливото земјиште само 28 хектари.[2]

Селото, во основа, има главно сточарска функција. Во селото работат услужни објекти.[2]

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948835—    
1953654−21.7%
1961110−83.2%
197179−28.2%
1981114+44.3%
ГодинаНас.±%
1991201+76.3%
1994207+3.0%
2002275+32.9%
2021146−46.9%

Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото имало 500 домаќинства со 218 жители христијани (Македонци) и 865 жители муслимани (Турци).[4]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Коџаџик живееле 1.250 жители, сите Турци.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 550 Турци.[6]

Иако селото е мало, има позитивен популациски биланс. Така, во 1961 година имало 110 жители, а во 1994 година 207 жители, турско население.[2]

Според пописот од 2002 година, селото Коџаџик броело 275 жители, сите Турци.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 146 жители, од кои 141 Турчин и 5 лица без податоци.[8]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 1.250 835 654 110 79 114 201 207 275 146
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Родови уреди

Коџаџик е турско село.[13]

Според истражувањата од 1954 година, родови во селото се:

  • Стари родови: Ѓулчелер (2 к.), Салолар (4 к.), Топал-Скендерлер (4 к.), Коранлар (1 к.), Ѓулолар (5 к.), Шопелер (2 к.), Шемшилер-Амамџик (3 к.), Бешколар (2 к.), Струњак (1 к.), Дере-Аметлер (1 к.), Караумерлер (1 к.), Торолар (1 к.), Маторолар (13 к.), Есатлар (6 к.), Ѓалолар (3 к.), Голалар (4 к.), Садолар или Шаинлар (6 к.), Ефатлар (2 к.), Чартолар (5 к.), Сератли (3 к.), Вучелер (2 к.), Клаќелер (1 к.), Ајдин-Бајрактар (1 к.), Кумитлар (1 к.), Карафеизолар (1 к.), Голелер (3 к.), Осман-Пеливанлар (1 к.), Карадемирлер (2 к.), Туралар (1 к.), Кара-Адилар (1 к.), Пингалар (3 к.) и Пилелар (9 к.), потекнуваат од најстарите доселеници, кои дошле уште во времето кога овде владеел Скендербег. Нивното потекло е од областа Коња во Турција. Овде се доселиле и сточари Јуруци кои ги паселе овците на планината Стогово. А некои родови возможно е да имаат словенско-македонско потекло.
  • Понови доселеници: Шкодролар (6 к.), доселени се од околината на Скадар во Албанија во 1810 година, дошол прадедото на Ајдин (жив на 83 г. во 1954 година); Шпателер (1 к.), доселени се од некое место Шпат во Албанија во 1850 година; Бургазџилер (1 к.), доселени се од Бургас во Бугарија во 1878 година; Миминовци (1 к.), доселени се од селото Брештани во 1916 година и Миртолар (1 к.) доселени се од селото Горно Елевци во 1936 година.

Иселеништво уреди

Од старото македонско население кое некогаш живеело во селото има иселеници во некои дебарски села.

Од турското население има иселеници во скоро сите муслимански села во Дебарско. Потоа во Струшко (Делогожди, Корошишта), Преспа (Ресен, Дрмени). Потоа турски иселеници има во Гостивар, Охрид, Скопје и Кичево. А највеќе во Турција преку 160 семејства иселени до 1954 година, и тоа во Адапазар (најголемиот број, каде се иселени 80 семејства), Ѓеракој крај Бурса(каде се иселиле околу 50 семејства), Истанбул, Измир, Одрин, Малгара, Бурса, Муратлија крај Одрин и други.[13]

Иселувањата на турското население од Коџаџик во Турција продолжило и после 1954 година.

Општествени установи уреди

Самоуправа и политика уреди

Кон крајот на XIX век, Коџаџик било село во Дебарската каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Центар Жупа, која била една од ретките општини, кои не биле променети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така припаѓало на некогашната Општина Центар Жупа.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Дебар.

Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната Општина Коџаџик, во која влегувале селата Брештани, Долгаш, Евла, Елевци, Кочишта, Коџаџик, Новак, Осолница и Праленик. Во периодот 1950-1952 година селото исто така седиште на некогашната општина Коџаџик, која била составена од селата Брештани, Коџаџик, Кочишта, Новак, Осолница и Праленик.

Избирачко место уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 0568 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[14]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 223 гласачи.[15] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 235 гласачи.[16]

Културни и природни знаменитости уреди

Археолошки наоѓалишта[3]
Џамии[17]
Споменици на културата

Личности уреди

Родени во или по потекло од Коџаџик

Галерија уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 161.
  3. 3,0 3,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 120. ISBN 9989-649-28-6.
  4. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 176-177.
  5. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 261.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 28 јули 2016.
  8. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  9. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  12. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  13. 13,0 13,1 Русиќ, Бранислав (1957). Жупа Дебарска. Скопје: Филозофски факултет.
  14. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  15. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  16. https://rezultati2021lokalni1krug.sec.mk/mk/mayr/r/75-735. Посетено на 6 февруари 2023. Отсутно или празно |title= (help)
  17. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Надворешни врски уреди