Земја на Вилхелм II

Земјата на Кајзер Вилхелм II е дел од Антарктикот кој лежи помеѓу Пенковиот ’Рт на 87° 43'E и Филхнеровиот ’Рт на 91° 54'Е. Земјата на Принцезата Елизабета се наоѓа на запад, а Земјата на Кралицата Марија на исток. Австралија тврди дека областа е дел од Австралиска Антарктичката Територија, но како и другите територијални претензии на Антарктикот, ова не е универзално признаено.

Местоположба на Земјата на Кајзер Вилхелм II (црвено), австралиска антарктичка територија на Антарктикот

Истражување уреди

Областа била откриена на 22 февруари 1902 година, за време на Гаусовата експедиција од 1901-1903 година, предводена од арктичкиот ветеран и геолог Ерих фон Дригалски. Дригалски го нарекол по кајзер Вилхелм II кој ја финансирал експедицијата со 1,2 милиони златни марки. Експедицијата го открила и Гаусберг, висок 370 метри изгаснат вулкан, кој го добил името по математичарот и физичар Карл Фридрих Гаус.