Земја на Принцезата Елизабета

отсечок на Антарктикот

Земја на Принцезата Елизабета (англиски: Princess Elizabeth Land) — отсечок на Антарктикот помеѓу 73° ИГД и ’ртот Пенк (87°43' ИГД). На овој дел полага право Австралија како дел од нејзината Австралиска Антарктичка Територија, иако не ужива голема признаеност.

Местоположба на Земјата на Принцезата Елизабета (црвено) во рамките на Австралиската Антарктичка Територија.

Географија уреди

Земјата е сместена помеѓу 64°56' ЈГШ и 90°00' ЈГШ и помеѓу 73°35' ИГД и 87°43' ИГД. Поделена е на два дела:

На запад се граничи со Ејмериевиот Леден Гребен, Мак. Робертсоновата Земја, а на исток со Земјата на Вилхелм II.

Истражување уреди

Земјата на Принцезата Елизабета е откриена на 9 февруари 1931 г. од Британската австралиска и новозеландска антарктичка истражувачка експедиција (BANZARE) (1929–31) под водство на Даглас Мосон. Мосон ја нарекол во чест на принцезата Елизабета, внука на тогашниот крал Џорџ V и подоцна кралица Елизабета II. Ова е една од двете области наречени по неа. Другата е Земјата на Кралицата Елизабета сместена од другата страна на континентот, во Британската Антарктичка Територија и именувана во 2012 г. по повод дијамантскиот јубилеј на кралицата.

Иако Австралија полага право на целата Земја на Принцезата Елизабета, тука се сместени руски поларни станици како „Восток“ (најстуденото место на Земјата) и „Мирни“.

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди

80°00′S 78°00′E / 80.000° ЈГШ; 78.000° ИГД / -80.000; 78.000