Жени Сипријано Катамо (роден на 26 јануари 2001 година, во Беира) — мозамбикански фудбалер, напаѓач на Спортинг Лисабон и на мозамбиканската репрезентација.

Жени Катамо
Лични податоци
Полно име Жени Сипријано Катамо
Роден на 26 јануари 2001(2001-01-26)(23 г.)
Роден во Беира, Мозамбик
Држава Мозамбик Мозамбик
Висина &100000000000001720000001,72 м
Позиција напаѓач, среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Спортинг Лисабон Спортинг Лисабон
Број 21
Младинска кариера
Блек Булс
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2018-2019 Амора Амора 4 (1)
2019-2022 Спортинг Лисабон Б Спортинг Лисабон Б 30 (2)
2021- Спортинг Лисабон Спортинг Лисабон 13 (1)
2022Гимараеш Виторија Гимараеш 10 (0)
2022-2023Маритимо Маритимо 9 (1)
Репрезентација
Мозамбик Мозамбик 17 ? (?)
2018 Мозамбик Мозамбик 20 1 (1)
2019- Мозамбик Мозамбик 18 (4)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 23 април 2021
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 23 април 2021

Клупска кариера уреди

Почетоци, Спортинг Лисабон Б и деби за првиот тим уреди

Роден во Беира, Мозамбик, Катамо ја започнал својата фудбалска кариера во екипата на Блек Булс во својата татковина, но своето професионално деби го направил за екипата на Амора во третата португалска лига во 2019 година. По завршувањето на сезоната 2018-2019, на 11 јуни 2019 година, Катамо потпишал договор на две години со младинската академија на Спортинг Лисабон.[1]

Играјќи главно за вториот тим на Спортинг во третата португалска лига, Катамо забележал 30 настапи и два гола. Сепак, во сезоната 2021-2022, тој почнал често да добива повици во првиот тим носејќи го дресот со број 57.[2] Своето деби за првиот тим на Спортинг во Примеира лига го имал на 29 декември 2021, во победата на лавовите на домашен терен над Портимоненсе со 3-2, заменувајќи го Рикардо Есгаио во 60-тата минута.

Позајмиците во Виторија Гимараеш и Маритимо уреди

На 31 јануари 2022 година, Катамо заедно со Бруно Гаспар заминал во Виторија Гимараеш,[3] на позајмица со право на откуп, како дел од трансферот на Маркус Едвардс, кој се преселил од Виторија во Спортинг.[3] Своето деби за Виторија го направил на 19 февруари, влегувајќи како замена во поразот со 1-3 на домашен терен од Ароука.[4] На 13 март, појавувајќи се одново од клупата тој му асистирал на Никола Жанвје за победничкиот погодок во успехот со 1-0 на гостувањето кај Маритимо. Конечно, на 15 мај, во својот прв и единствен започнат натпревар од првата минута за Виторија Гимараеш, Катамо забележал две асистенции во убедливата победа од 5-0 над Жил Висенте во рамките на последното коло од Примеира лига 2021-2022.

Откако забележал 10 настапи и три асистенции за Виторија во рамките на втората половина на сезоната 2021-2022, во текот на летото двата клуба преговарале за продолжување на позајмицата на Катамо во Гимараеш.[5] Но и покрај најавите дека клубовите биле близу до пронаоѓање на договор за продолжување на позајмицата на Катамо во Виторија, наместо тоа се случува пресврт, па тој на крајот бил позајмен на Маритимо до крајот на сезоната 2022-2023.[6]

Иако стигнал како големо засилување за клубот од островот Мадејра, сезоната на Катамо во Маритимо била уништена од разни повреди, поради кои тој бил ограничен само на 9 одиграни натпревари во Примеира лига 2022-2023. Сепак, во завршницата на првенството тој успеал да фати некаков континуитет во настапите и го пронашол својот прв погодок во најсилната португалска лига, а тој се случил на 29 април 2023 против неговата поранешна екипа Виторија Гимараеш во поразот на неговиот тим со 1-2.[7] Катамо играл и во двата натпревари од баражот за опстанок, но неуспеал да му помогне на Маритимо да избегне испаѓање од Примеира лига, откако клубот бил поразен од Естрела Амадора по изведување пенали.[8]

Враќање во Спортинг и пробивот во првиот тим уреди

Во летото 2023 година, Катамо се вратил во Спортинг, а набргу потоа од клубот најавиле дека тој нема да оди на нова позајмица туку ќе остане да се бори за своето место во тимот.[9] По импресивните настапи во предсезонските подготовки, тој го започнал натпреварот на домашен терен против Визела во рамките на првото коло на Примеира лига 2023-2024, во кој лавовите победиле со 3-2 со гол во последните минути од судиското надополнување.[10] Тоа бил неговиот прв старт и вкупно втор настап во дресот на Спортинг, по речиси две години подоцна откако го имал своето деби во декември 2021 година.[11] На 21 септември, тој дебитирал во европските натпреварувања, играјќи 77 минути во победата со 2-1 на гостувањето во Австрија против Штурм Грац во рамките на групната фаза од УЕФА Лига Европа.[12] Продолжувајќи редовно да игра, на 21 октомври 2023, го пронашол својот прв гол во дресот на Спортинг во гостинската победа со 3-1 над нисколигашот Оливаис Москавиде во Купот на Португалија.[13][14] Само девет дена подоцна, Катамо го постигнал својот прв првенствен гол за Спортинг во победата со 2-0 на гостувањето кај Боависта.[15]

На 22 декември 2023 година, Катамо потпишал нов петгодишен договор со Спортинг во трајност до 2028 година, при што неговата ослободителна клаузула била одредена на 60 милиони евра.[16] Набргу по враќањето од настапите за Мозамбик на Купот на Африка, Катамо го постигнал својот прв погодок за Спортинг пред домашните навивачи на стадионот Жозе Алваладе во убедливата победа со 8-0 над Каза Пија во првенството.[17] На 6 април 2024, Катамо постигнал два гола во Дербито на Лисабон во кое Спортинг ја победил Бенфика со 2-1, носејќи им на лавовите победа од пресудна важност во битката за титулата, зголемувајќи ја предноста на табелата на својот тим на 4 бода пред директниот конкурент.[18]

Репрезентативна кариера уреди

Катамо го претставувал Мозамбик во две младински селекции, под 17 и под 20 години.

За сениорската репрезентација дебитирал во победата со 2-0 над Маврициус на 10 септември 2019 година, постигнувајќи гол на своето деби.[19]

Во декември 2023 година, Катамо бил избран во составот на репрезентацијата за Африканскиот куп на нации 2023.[20] Во последниот натпревар од групата против Гана, при резултат 2-0 за противниците Катамо постигнал гол од пенал за да намали на 2-1, а неколку минути подоцна неговиот соиграч Реинилдо Мандава изедначил на 2-2, што бил и конечниот резултат на натпреварот.[21] Сепак, и покрај напорите Мозамбик го завршил своето учество на турнирот веќе по групната фаза со освојување на последното место во групата со два освоени бода, колку што имала и Гана која имала и подобра гол-разлика.[21]

Хронологија на репрезентативните настапи уреди

Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Мозамбик
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
10-9-2019 Зимпето Мозамбик   2 – 0   Маврициус Квал. за СП 2022 1
14-11-2019 Зимпето Мозамбик   2 – 0   Руанда Квал. за АФКОН 2021 -
18-11-2019 Праја Зелен ’Рт   2 – 2   Мозамбик Квал. за АФКОН 2021 -   70'
8-10-2020 Обидос Гвинеја-Бисао   1 – 0   Мозамбик Пријателска -
13-10-2020 Рио Мајор Мозамбик   0 – 3   Ангола Пријателска -
12-11-2020 Дуала Камерун   4 – 1   Мозамбик Квал. за АФКОН 2021 -   67'
8-6-2021 Мапуто Мозамбик   1 – 1   Есватини Пријателска -
3-9-2021 Мапуто Мозамбик   0 – 0   Брег на Слоновата Коска Квал. за СП 2022 -   64'
7-9-2021 Совето Малави   1 – 0   Мозамбик Квал. за СП 2022 -   64'
8-10-2021 Дуала Камерун   3 – 1   Мозамбик Квал. за СП 2022 1
11-10-2021 Тангер Мозамбик   0 – 1   Камерун Квал. за СП 2022 -
13-11-2021 Котону Брег на Слоновата Коска   3 – 0   Мозамбик Квал. за СП 2022 -   72'
16-11-2021 Котону Мозамбик   1 – 0   Малави Квал. за СП 2022 -   14'
23-3-2022 Нуакшот Нигер   1 – 1   Мозамбик Пријателска -
26-3-2022 Нуакшот Мавританија   2 – 1   Мозамбик Пријателска -
2-6-2022 Јоханесбург Мозамбик   1 – 1   Руанда Квал. за АФКОН 2023 -
8-6-2022 Котону Бенин   0 – 1   Мозамбик Квал. за АФКОН 2023 1
18-6-2023 Бутаре Руанда   0 – 2   Мозамбик Квал. за АФКОН 2023 1   72'
9-9-2023 Мапуто Мозамбик   3 – 2   Бенин Квал. за АФКОН 2023 -
13-10-2023 Фаро Ангола   1 – 1   Мозамбик Пријателска 1
16-10-2023 Албуфеира Мозамбик   2 – 3   Нигерија Пријателска 1
19-1-2024 Абиџан Зелен ’Рт   3 – 0   Мозамбик АФКОН 2023 - Прва фаза -
22-1-2024 Абиџан Мозамбик   2 – 2   Гана АФКОН 2023 - Прва фаза 1   31'
Вкупно Настапи 23 Голови 6

Клупска статистика уреди

Статистиката е ажурирана на 31 декември 2023.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2018-2019   Амора КамП 4 1 КП 0 0 - - - - - - 4 1
2020-2021   Спортинг Лисабон Б КамП 17 0 - - - - - - - - - 17 0
2021-јан. 2022 Л3 13 2 - - - - - - - - - 13 2
Вкупно Спортинг Лисабон Б 30 2 - - - - - - 30 2
2021-јан. 2022   Спортинг Лисабон ПЛ 1 0 КП+ЛКП 0+0 0 ЛШ 0 0 СП 0 0 1 0
јан. - јун. 2022   Виторија Гимараеш ПЛ 10 0 - - - - - - - - - 10 0
2022-2023   Маритимо ПЛ 9+2 1 КП+ЛКП 0+0 0+0 - - - - - - 11 1
2023-2014   Спортинг Лисабон ПЛ 13 1 КП+ЛКП 2+1 1+0 ЛЕ 4 0 - - - 20 2
Вкупно Спортинг Лисабон 14 1 3 1 4 0 0 0 21 2
Вкупно во кариерата 69 5 3 1 4 0 0 0 76 6

Наводи уреди

  1. hdc-uc-acsweb1/aceyus45/Dash_Viewer.aspx?DashID=5028
  2. Жени Катамо на soccerway
  3. 3,0 3,1 „Geny Catamo emprestado ao Guimarães“ (португалски). O Pais. 31 јануари 2022. Посетено на 23 декември 2023.
  4. „Geny Catamo estreia-se pelo V. Guimarães“ (португалски). Folha de Maputo. 19 февруари 2022. Посетено на 23 декември 2023.
  5. „Sporting: Geny Catamo continua em Guimarães em 2022/23“ (португалски). Mais Futebol. 18 август 2022. Посетено на 23 декември 2023.
  6. „Geny emprestado pelo Sporting ao Marítimo“ (португалски). Record. 1 септември 2022. Посетено на 23 декември 2023.
  7. „Geny Catamo marca 1.º golo na I Liga Portuguesa“ (португалски). Folha de Maputo. 30 април 2023. Посетено на 23 декември 2023.
  8. „Estrela da Amadora vence Marítimo nos penáltis e sobe à I Liga. Madeirenses descem de divisão“ (португалски). SAPO Desporto. 11 јуни 2023. Посетено на 23 декември 2023.
  9. „Geny Catamo continua justificando merecimento de lugar no Sporting“ (португалски). Folha de Maputo. 27 јули 2023. Посетено на 24 декември 2023.
  10. „Análise Sporting 3-2 Vizela: Na noite de Gyokeres, o salvador foi Paulinho“ (португалски). SAPO Desporto. 12 август 2023. Посетено на 23 декември 2023.
  11. Frederico Bartolo (17 октомври 2023). „Geny aquece motores por Moçambique para entrar no onze do Sporting“ (португалски). O Jogo. Посетено на 23 декември 2023.
  12. „2-1 win over SK Sturm Graz opens Europa League campaign“ (англиски). Sporting CP. 25 септември 2023. Посетено на 23 декември 2023.
  13. „GENY "CARREGA" SPORTING AOS "OITAVOS" (португалски). Desafi. 22 октомври 2023. Посетено на 23 декември 2023.
  14. Salvador Baloi (22 октомври 2023). „Taça de Portugal: Moçambicano Geny Catamo "carrega" Sporting de Lisboa para fase seguinte“ (португалски). MZ News. Посетено на 23 декември 2023.
  15. Bruno Roseiro (30 октомври 2023). „Sporting vence no Bessa com golos de Geny Catamo e Pedro Gonçalves e isola-se na liderança da Liga - como aconteceu“ (португалски). Observador. Посетено на 23 декември 2023.
  16. „Geny Catamo vai continuar de Leão ao peito“ (португалски). Sporting CP. 22 декември 2023. Посетено на 22 декември 2023.
  17. „Scintillating Sporting hit eight past sorry Casa Pia“. onefootball. 29 јануари 2024. Посетено на 10 март 2024.
  18. „Geny Catamo, quem é o herói de Alvalade que só espera "receber um beijo quando chegar a casa". CNN Portugal (португалски). Посетено на 2024-04-07.
  19. „Mundial2022: Moçambique vence Ilhas Maurícias e está na fase de grupos“. Maisfutebol.
  20. „Reinildo e Geny Catamo são os destaques nos eleitos de Moçambique“ (португалски). Sapo Desporto. 22 декември 2023. Посетено на 31 декември 2023.
  21. 21,0 21,1 „Moçambique empata com Gana e diz adeus a CAN“ (португалски). 22 јануари 2024. Посетено на 24 јануари 2024.

Надворешни врски уреди