Абиџан — најголемиот и поранешен главен град на Брегот на Слоновата Коска. Тој е комерцијален и банкарски центар на Брегот на Слоновата Коска, како и де факто главен град (иако Јамусукро е официјален). Абиџан се наоѓа во лагуната Ебри, на неколку полуострови и острови поврзани со мостови. Има околу 6 милиони жители во метрополитенската област[1].

Абиџан

Абиџан е наречен и "Париз на Западна Африка" поради неговите паркови, широки булевари, универзитети, егзотична мода и музеи. Сè до стартот на Иворијанската граѓанска војна во 2002 година, несигурноста во Абиџан порасна. Некогаш еден од најбогатите и најмирни градови во Африка, денес Абиџан се смета за еден од најопасните градови на континентот.

Наводи уреди

  1. Institut National de la Statistique de Côte d'Ivoire. „RGPH 2021 Résultats globaux“ (PDF). Посетено на 2022-08-09.