Нуакшот (на арапски: نواكشوط или انواكشوط [прев. "Местото на ветровите"] Nawākšūṭ) е главен и најголем град на Мавританија. Доколку не се брои Каиро и градовите северно од Атласките Планини, тој е и најголемиот сахарски град. Нуакшот е административен и економски центар.

Нуакшот
Mестоположба
Општи податоци
Име Нуакшот
Управа
Градоначалник Ахмед Хамза
Географија
Население
Население 881,000 (1999)
Улица во Нуакшот

Нуакшот се наоѓа на атлантскиот брег на пустината Сахара, во Западна Африка. Освен кејот на Нуакшот и неговото пристаниште, крајбрежниот појас во градот е неурбанизиран и подложен на поплави.

Како резултат на брзиот развиток, градот е доста проширен, со неколку висококатници. Тој е и место на соочување на урбаните Мавританци и нивните номадски сограѓани.

Нуакшот е изграден околу голема трилиниска улица - Авенија Абд ан-Насир, која оди североисточно низ градскиот центар до аеродромот. Другите главни улици се именувани (на француски јазик) по важни мавритански личности или меѓународни личности од 1960-тите: Авенија Де Гол, Авенија Кенеди и Авенија Лумумба на пример.

Температурата во Нуакшот варира од 33 °C (92 °F) и 13 °C (56 °F), а просечното количество на дожд е 178 mm годишно.