Економија на Бугарија

Бугарија е поранешна земја во транзиција и сегашна членка на Европската Унија.

Ветарната централа „Калијакра„

Економска историја уреди

Со пропаѓањето на комунистичкиот режим, пропаднал целиот економски систем на земјата.[1] Во почетокот на 1990-те години, услужните дејности имале удел од 25 %, исто колку и земјоделството, а индустријата учествувала во вкупното стопанство со 60%. Триесет години подоцна, услужните дејности зафаќале околу 60% од вкупната економија, 10% отпаѓало на земјоделство, а околу 30% на индустријата.[2] Индустрискиот раст е 7% (2005).[3] При приватизацијата и преструктуирањето на претпријатијата имало големи отпуштања на работниците, а како резултат на тоа се зголемила невработеноста, која во одредени периоди достигнала и до 19%.

 
Метростаницата „Лавов мост“ во Софија

Основни економски показатели уреди

Економскиот пораст за 2007 година изнесувал 6,2%.[4] Бруто-домашниот производ во 2007 изнесувал 28,9 билиони евра,[5] односно БДП по глава на жител изнесувал 3 753,5 евро.[5] Странските инвестиции во 2007 достигнале 5,5 милијарди евра.[6] Според Евростат, минималната плата во Бугарија изнесува 135 евра, што е најмалку во ЕУ.[7]

Општи информации уреди

 
Автопатот „Тракија“
-Земјоделство 4,6%
-Индустрија 28,7%
-Услуги 66,7%
Приходи - 20,43 милијарди $
Расходи - 18,93 милијарди $

Биланс на меѓународните плаќања уреди

Салдо на тековната сметка (% од БДП), 1994-2007.[8]
1994 1995 1996 1997 1998 1999 2000 2001 2002 2003 2004 2005 2006 2007
Извоз на стоки 40,5% 40,8% 49,4% 47,7% 32,9% 30,9% 38,3% 37,6% 34,4% 35,5% 40,9% 44,1% 47,6% 46,8%
Увоз на стоки -40,7% -39,9% -47,5% -44% -35,9% -39,3% -47,6% -49,2% -45% -48,4% -56% -64,2% -69,6% -72%
Трговско салдо -0,2% 0,9% 1,9% 3,7% -3% -8,4% -9,3% -11,6% -10,7% -12,9% -15,2% -20,1% -22% -25,3%
Услуги, нето 0,1% 1,2% 1,2% 1,6% 2,9% 2,4% 4% 1,9% 2,9% 2,6% 3,4% 3,1% 3,7% 3,9%
Доход, нето -2% -3,3% -4% -3,4% -2,2% -1,4% -2,6% 0,2% 2,2% 1,7% 1,2% 1,2% -2,1% -1,6%
Тековни трансфери, нето 1,7% 1% 1,1% 2,3% 1,8% 2,3% 2,3% 3,7% 3,5% 3,5% 4,6% 4,6% 2,7% 1,2%
Тековна сметка, нето -0,3% -0,2% 0,2% 4,1% -0,5% -5% -5,6% -5,9% -2% -5,1% -6% -11,3% -17,8% -21,8%
Грешки и пропусти 0,7% 1,1% -1,1% 2,5% -2,3% 0,2% 0,3% 3,8% -4,6% -4,5% -1,9% 1,1% -3,4% -5,2%

Надворешна трговија уреди

До 1989 година, Бугарија најмногу тргувала со поранешниот Советски Сојуз (80%) и со другите членки на Источниот блок, а многу малку со Европската унија (2%). Денес, 50% од трговијата се одвива со Европската унија, 2,5% со САД, а останатиот дел со другите земји.

Сообраќај уреди

Поради својата географска положба, Бугарија е крстопат од речни (по Дунав), морски (Црно Море) и копнени патишта, со што има големи можности во развојот на меѓународниот товарен и патнички сообраќај, како и во другите услужни дејности.

Инфраструктура уреди

Туризам уреди

 
Црноморски туризам

Најголемите позитивни движења Бугарија ги бележи во развојот на туристичкото стопанство, кое станува една од најзначајните стопански гранки и двигател на целокупниот стопански развој на земјата. Бугарија има можности за развој на сите видови туризам, но најразвиени се морскиот (летен) и зимскиот туризам.

Наводи уреди

  1. „НСИ“. Архивирано од изворникот на 2007-10-07. Посетено на 2021-04-09.
  2. „НСИ“. Архивирано од изворникот на 2008-04-21. Посетено на 2021-04-09.
  3. „Facts about Bulgaria“. Архивирано од изворникот на 2005-07-07. Посетено на 2021-04-09.
  4. "Ръстът на БВП опроверга страховете", News.dir.bg, 17 март 2008 (бугарски)“. Архивирано од изворникот на 2011-08-24. Посетено на 2021-04-09.
  5. 5,0 5,1 "Ръстът на БВП през 2007 година е 6.2 на сто спрямо 2006 година", BgNewsroom - 17 март 2008 (бугарски)“. Архивирано од изворникот на 2011-08-24. Посетено на 2021-04-09.
  6. „Дневник“, "България заема водачко място по инвестиции", 16 октомври 2007 (бугарски).[мртва врска]
  7. Минималните плати во ЕУ различни за секоја земја
  8. Aleksandar Stojkov, Current Account Deficits and Economic Growth: Evidence from the South Eastern European Economies. Iustinianus Primus Faculty of Law, Skopje, 2009, стр. 259.