Етимолошки набљудувано зборот буџет потекнува од латинскиот збор bulga со кој се означувала кожна торба која при поднесување на барањата на парламентот ја отворал министерот за финансии. Подоцна овој збор доживеа трансформација во старофранцускиот збор budgette за да потоа помине во В.Британија и се модифицира во зборот budget. Денес зборот буџет е општо прифатен во најголем број на земји во теоријата и практиката. Постојат повеќе дефиниции за буџетот, и авторите на различен начин приоѓаат кон дефинирање на буџетот.

Комо Сизиф - Оноре Домије (Бруклин Музеј)

Дефинирање на буџетот уреди

Класичните економисти го дефинираат буџетот како акт на предвидување на приходи и расходи на државата. Според СТОУРМ буџетот претставува акт со кој се предвидуваат приходите и расходите на државата за период од година дена. Исто така за буџетот се смета дека тој е акт на претставничкото тело (парламентот) со кој се предвидуваат и однапред одобруваат, за иден период (по правило за една година) распределбата на приходите и расходите во рамките на финансирањето како и во врска со политичката и социјалната природа. Постои сфаќање дека буџетот претставува закон во формална смисла на зборот, или попрецизно само по својот надворешен облик.

Процес на буџетирање уреди

Буџетска иницијатива уреди

Нацрт-буџетот го предлагаат управните органи. Во утврдувањето на буџетот учествуваат органите на власта, но составувањето на буџетот е во рацете на управните органи. Правото за буџетска иницијатива им припаѓа на управните органи.
Во поглед на буџетскиот акт, причина што се претставничките органи во поглед на техниката на составувањето на буџетскиот предлог во малку поповолна положба од управните органи. Само тие се во постојан контакт со секојдневниот живот. Тие најдобро можат да ги проценат потребите на јавните служби, тие осеќаат што е неопходно за намалување на приходите и задоволување на заедничките потреби. Поради тоа ним им припаѓа обврската за извршување на буџетот, тие ќе ги предвидат вистинските расходи и точно да ги утврдат државните приходи.

Изработка на предлог на буџетот уреди

Во оваа фаза проектот се претвора во предлог на буџетот. Истакнато е да предлог на буџетот настанува од предлозите на управните органи во кои се содржани потребите за буџетските средства. Но тие потреби се засновани на директивите од централните финансиски органи. Плановите и идеите за буџетот припаѓаат на министерот за финансии во скоро сите држави. Техничките работи околу подготовката на предлогот на буџетот се обемни и многубројни. Во парламент тоа го прави посебна служба. Една од работите на таа служба е да донесе општи упатства за изработка на проектот на буџетот. Секој раководител на управната единица е должен да состави своја проценка за расходите и евентуалните приходи кои ги упатува на својот секретаријат. Така изработениот проект на буџетот се доставува до Владата, за да таа донесе крајна одлука за финансиските приходи следната година. Владата го разгледува детално проектот за Буџетот и како свој предлог на Буџетот го праќа на одобрение во парламентот.

Изгласување на буџетот уреди

Буџет во дводомни системи уреди

Во сите земји финансиските закони уживаат специјален режим и постапка. Посебност на тоа е: до финансиските акти да дојде до решавање прво пред претставник на народот (Долен дом), парламент потоа пред Горниот дом (Сенат). Тоа важи во прв ред за буџетот.

Постапка за изгласување на буџетот уреди

Буџетот во различните политички структури на запад се однесува на различни начини. Техниката на разгледување на предлог Буџетот во дводомниот систем може да биде различна: еден е начин на пример во Франција и САД, а друг во Британија.

Англиски систем уреди

Во овој систем не постои специјален буџетски одбор. Наместо него Долниот дом во Комитет на целиот дом, кој кога ги ревидира расходите се вика supply committee, а кога се зборува за приходите committee of ways and means. Кога заседава комитетот за приходи финансискиот канцелар го одржува својот познат буџетско експозе (budget speech), во кој посебно внимание се обрнува на државните приходи (income tax).

Привремено финансирање уреди

Познато е ако, буџетскиот период помине, а буџетот не е донесен на време, тогаш мора да се бараат патишта да се избегне таа неправилност во буџетскиот процес: да се врши трошење без претходно одобрение. За такви ситуации постојат две решенија:

  1. Или да остане по старо т.е. да се продолжи финансирањето или
  2. Преодниот период кој трае сè додека не се изгласа нов буџет, финансирањето ќе го помогне авансирањето од идниот буџет.

Во пракса се јавува овој метод.

  1. Буџетска даванестина

Кога ќе се случи владата да го поднесе предлогот на буџетот во собранието (општината) но претставничкото тело од било кои причини не го усвои на време а од друга страна за прибирање на приходите и нивно трошење мора да постои претходно одобрение, тогаш се користи т.н буџетска дванаестина. Дванаестината ги содржи сите расходи и приходи кои се содржале во изминатиот буџет.

  1. Аконтација

Англија не го применува т.н. метод дванаестина иако нивниот буџет не е никогаш донесен до месец Април. Англија се служи со системот на авансирање кој се состои во тоа што не се продолжува стариот буџет туку се авансира од новиот.

Буџетски кредити уреди

Постојат два вида на буџетски кредити: лимитативни и евентуални. Под поимот буџетски кредити се подразбира овластување на извршителите на буџетот во текот на годината можат да вршат трошење за одредена намена до одредена висина.

  1. Лимитативни кредити

Се оние редовни кредити во буџетот кои одговараат на принципот да кредиот значи дека извршителите на буџетот немаат право да го поминат максимумот во трошењето. На пр. кредити кои се претходно утврдени со јавни договори (државен заем, плата на функционерите)

  1. Евентуални кредити

Се наменети за потребите во тековниот буџетски период да се извршат а чија висина не може однапред да се точно предвиди. Тие можат да бидат помали или поголеми во зависност од ситуацијата. Кај овие кредити не може да се утврди максималната цифра како кај претходните. На пр. расходи за пензиите, функции на судовите, обесштетување на поединци од буџетот и воопшто расходи кои неможат да се антиципираат. Овие кредити владата може слободно да ги употребува, но во завршната пресметка треба да ја докаже исправноста на таквото трошење.
Кога буџетот ќе се донесе на собранието и биде одобрен може да настанат две ситуации: Одредени кредити не се доволни или дополнително да се појави потреба која сосема не можела однапред да се предвиди и за неа се потребни средства од буџетот за да може да се оствари. Во таквите ситуации се јавува потреба од дополнителен кредит за кој решава парламентот.

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди