Гитарамузички инструмент со стапала, кој се користи во разновидни музички стилови и е исто така познат како соло класичен инструмент. Во популарната култура најчесто се смета како примарен инструмент во блуз, кантри, фламенко и рок-музиката. Гитарата вообичаено има шест жици, но постојат и гитари со седум, осум, десет, единаесет, дванаесет и осумнаесет жици.

Гитара
Ди Џорџо класична гитара
Ди Џорџо класична гитара
Ди Џорџо класична гитара
Класификација

жичен инструмент (нежно свирен, гитарите со пластични жици обично се свират со прсти, додека пак гитарите со челични жици итн. се свират со плектрум.)

Скала
(нормално наштимана гитара)
Сродни инструменти

Историја уреди

 
Фигури кои свират на предокот на гитарата. Ископани во Суза, Иран. Датираат од 2000-1500 п.н.е. Чувани во Националниот музеј на Иран.

Иструментите слични на гитарата биле популарни најмалку во последните 5.000 години. Изгледа дека гитарата потекнува од пораните иструменти познати во древна Средна Азија како цитара. Инструменти многу слични на гитарата се појавуваат и во антички статуии и цртежи ископани од стариот ирански главен град Суза. Модерниот збор, гитара, бил усвоен во македонскиот јазик од средновековниот андалусиски арапски[1] Κιθάρα, кој потекнува од пораниот латински cithara, кој пак доаѓа од грчкиот збор китара,[2] кој пак потекнува од старо-персискиот збор sithar.[3]

Зборот qitara е арапско име за разни членови на семејството на лејти кое биле претходник на западната гитара. Името guitarra било воведено во шпанскиот јазик кога таквите инструменти биле донесени на Иберија од Маврите по X век. (Погледајте ја поврзаната статија).

 
Гитаристка (околу 1672), од Јан Вермер

Најраната шестжичена гитара била направена во 1779 од Гаетано Винасија (1759 - по 1831) [4][5] во Неапол, Италија. Семејството Винасија е познато по развивањето на мандолината. Оваа гитара била прегледана и не покажува знаци на модификација од друг тип на гитара.[6]

Модерните димензии на класичниот инструмент биле воспоставени од Антонио Торес Хурадо (1817-1892), кој работел во Севиља во 1850-тите. Торес и Луиз Панормо во Лондон (активен 1820-ти до 1840-ти) биле одговорни за демонстрирањето на супериорноста тој изглед на гитарата.

Електричната гитара била патентирана од Џорџ Бошам во 1936. Бошам бил соосновач на Rickenbacher кои го користеле магнетот во форма на потковица. Сепак, Danelectro биле оние кои први произвеле електрични гитари за пошироката јавност. Danelectro исто така биле пионери во технологијата на лампашки засилувачи.[се бара извор]

Типови на гитари уреди

Гитарите можат да бидат поделени на две широки категории, акустични и електрични:

Акустични гитари уреди

 
Акустични гитари

Акустичната гитара не е зависна од никаква надворешна направа за засилување. Формата и резонирањето на самата гитара создаваат акустично засилување. Сепак, незасилената гитара не е гласен инструмент. Не може да се натпреварува со другите иструменти кои се наоѓаат во групи или оркестри, во смисла на чиста слушна гласност. Многу акустични гитари се достапни денес со вградена електроника и моќност да се овозможи засилување.

Постојат неколку поткатегории во групата на акустични гитари: гитари со челични жици, во кои спаѓаат, западната гитара, блиско поврзаната дванаесетжичена гитара, и џез гитарата. Скорешен новајлија во групата на акустични гитари е акустичната бас гитара, слична во штимањето на електричниот бас.

  • Ренесансна и барокна гитара: Овие се грациозните предци на модерната класична гитара. Тие се значително помали и поделикатни од класичната гитара и создаваат многу потивок звук. Жиците се во пар како кај модерните 12-жичени гитари, но тие имаат само четири или пет пара жици, наместо шест. Тие почесто биле користени како ритмички инструменти во ансамбли отколку како соло инструменти, и може често да бидат видени во таа улога во изведбите на рана музика. (Гаспар Санцовата Instrucción de Música sobre la Guitarra Española од 1674 ги содржи повеќето од преживеаните соло корпуси за ерата.) Ренесансните и барокните гитари се лесно препознатливи поради тоа што ренесансната гитара е многу едноставна, а барокната гитара е полна со орнаменти, со резби по целиот труп и врат, и хартиена „свадбена торта“ свртена наопаку во дупката.
  • Класични гитари: Гитарите од овој тип вообичаено имаат најлонски жици, се свират од седечка положба и се користат за свирење на разни музички стилови вклучувајќи класична музика. Класичната гитара е дизајнирана со цел да овозможи свирење на соло полифонски музички дела на истиот начин на којшто тоа може да се направи со пијанофорте. Ова е главната точка во разликата помеѓу дизајнот на класичниот инструмент и другите дизајни на гитари. Фламенко гитарата е многу слична во конструкцијата, има поостар звук и е примарно наменета за фламенко. Во Мексико, една маријачи група вообичаено има разни типови на гитари, од минијатурното реквинто до гитаронот, гитара поголема од виолончело, која што е наштимана по бас клуч. Во Колумбија, еден традиционален квартет содржи разни типови на инструменти исто така, од малата бандола (понекогаш нарекувана и Делојце-гуатари, за употреба при патување во затворени простории), до малку поголемото типле, до класичната гитара во нормална големина. Модерните димензии на класичниот инструмент биле поставени од Антонио Торез Хурадо (1817-1892). Класичните гитари понекогаш се нарекуваат и гитари за класика, иако тоа не е точниот превод од шпански.
  • Португалските гитари се 12-жичени гитари кои се користат во Португалија за традиционалните фадо песни. Нејзиното вистинско потекло не е баш сигурно, но постои општо-прифатен споразум дека потекнува од Средниот Век. Често (и погрешно) се смета дека е заснована на т.н. „англиска гитара“ - честа грешка со оглед на тоа што не постои такво нешто. Одреден временски период најдобрите инструменти од овој и други типови биле изработувани во Англија. „Англиска гитара“ се однесува на квалитативен стандард, а не на вистински тип на инструмент. Овој определен инструмент најверојатно е комбинација од средновековните „цистра“ или „цитара“ и арапската лејта.
  • Западните гитари се слични со класичните гитари, но големината на трупот е обично значајно поголема отколку таа на класичната гитара, има потесен и појачан врат, посилен структурен дизајн, со цел да ја издржи поголемата тензија на челичните жици кои произведуваат посветол тон, и според некои музичари, и погласен звук. Акустичната гитара се користи често во фолк и олдтајм музиката, како и во блузот.
  • Џез гитарите се жичени инструменти со челични жици кои имаат дизајн на f-дупка инспириран од виолината, на кои предниот дел (често и задниот дел) на инструментот се изрезбани во заоблена наместо рамна форма. Лојд Лор од Gibson ја измислил оваа варијација на гитари откако дизајнирал мандолина од ист тип. Типичната џез гитара е гитара со шуплив труп чијашто форма е повеќе како таа на инструмент од фамилијата на мандолини или виолини, и може да биде акустична или електрична. Некои електрични гитари со тврд труп исто така се сметаат за џез гитари, иако вообичаено 'џез гитара' се однесува на шупливата форма на трупот. Џез гитарите биле веднаш присвоени по нивното издавање од џез и кантри-музичарите и останале особено популарни во џез музиката, вообичаено користејќи подебели жици отколку акустичните гитари. Џез гитарите се често погласни отколку вообичаена акустична гитара. Електричната џез гитара со шуплив труп има посебен звук помеѓу електричните гитари и затоа е соодветна за многу стилови на рокенрол. Многу електрични џез гитари наменети за употреба во рокенролот имаат и тремоло рачка.
  • Резонаторските, резофонските или Добро гитари: Слични на западните гитари по изглед, но со звук кој го произведува металниот резонатор сместен во средината на врвот на гитарата наместо отворена звучна дупка, со тоа што физичкиот принцип на гитарата е всушност посличен на бенџото. Намерата на резонаторот е да го засили звукот на гитарата; оваа намера во голема мера е надмината со електричното засилување, но резонаторската гитара сѐ уште ја свират оние го го сакаат нејзиниот карактеристичен звук.

Резонаторските гитари може да имаат или еден резонаторски конус или три резонаторкси конуси. Три-конусните резонаторски гитари имаат два конуса на левата страна еден над друг, и уште еден веднаш до нив на десната страна. Методот на пренос на звучната резонанција до конусот е или BISCUIT кобилица, изработена од мало парче тврдо дрво, или SPIDER кобилица, изработена од метал и поголема во големина. Три-конусните резонаторски гитари секогаш користат специјална метална SPIDER кобилица.

Постојат и резонаторски гитари со рамен врат, кои се свират исправено, во скутот на седнатиот гитарист, и често со метален или стаклен слајд. Резонаторските гитари со заоблен врат вообичаено се свират на ист начин како и другите гитари, иако слајд гитарите се користат почесто, особено во блуз музиката.

  • 12-жичените гитари вообичаено имаат челични жици и често се користат во фолк музиката, блузот и рокенролот. Наместо вообичаните шест жици, 12-жичената гитара има парови, како мандолината. Секој пар на жици е наштиман или еднакво (двете највисоки) или со октава разлика (другите). Тие се произведуваат и во акустична и во електрична форма.
  • Руските гитари се седумжичени акустични гитари кои биле норма за руските гитаристи за време на XIX и XX век. Гитарата вообичаено се штима во G-dur.
  • Акустичните бас гитари исто така имаат челични жици, и се совпаѓаат со штимањето на електричниот бас, кој исто така е сличен на традиционалната двојна бас виола, или „голем бас“, важен инструмент во жичените оркестри и блуграс групите исто така.
  • Гитари-харфи. Гитарите-харфи тешко се класифицираат со оглед на тоа што постојат голем број на варијации во рамките на типот на оваа гитара. Тие се типично ретки и невообичаени на популарната музичка сцена. Повеќето се состојат од нормална гитара, плус додатни 'харфни' жици кои се наоѓаат над шесте нормални жици. Инструментот е вообичаено акустичен и жиците на харфата се вообичаено наштимани на пониски ноти отколку жиците на гитарата, за додатен бас домет. Нормално не постојат ниту врат ниту стапала за харфните жици. Некои гитари-харфи исто така имаат и жици со повисоки ноти кои се наоѓаат под традиционалните гитарски жици. Бројот на харфни жици варира во голема мера, во зависност од типот на гитарата и личните желби на свирачот (така често се изработуваат по личната желба на свирачот).
  • Гитари со продолжен домет. За повеќе од еден век гитарите со седум, осум, девет, десет или повеќе жици се користеле од мал број на гитаристи како начин за зголемување на дометот на висината на звукот достапна на свирачот. Вообичаено под ова се подразбира додавање на дополнителни бас жици.
  • Гитара батенте. Батентето е помало отколку класичната гитара, вообичаено се свири со четири или пет метални жици. Воглавно се користи во Калабрија (регион во јужна Италија) со цел да ги придружува вокалите.
 
Овој Fender Stratocaster ги има особините на најголемиот дел од електричните гитари: повеќекратни магнети, тремоло рачка, потенциометри за гласност и тоналитет.

Електрични гитари уреди

Електричните гитари може да имаат тврди, полушупливи, или шупливи тела, и произведуваат малку звук без засилување. Електро-магнетите (единечни или двојни навои) ја претвораат вибрацијата на челичните жици во електрични сигнали кои се предаваат на засилувачот преку кабел или радио уред. Звукот е честотно изменет од страна на други електронски направи или природно разобличување на лампи (вакуум цевки) во засилувачот. Електричната гитара се користи најмногу во џезот, блузот и рокенролот, и била комерцијализирана од страна на Gibson заедно со Лес Пол и независно од Лео Фендер. Пониската акција на вратот (височината на жиците во однос на вратот) и нејзиното електрично засилување ѝ даваат пристап на гитарата до некои техники кои не се користат толку често на акустичните гитари. Во овие техники спаѓаат tapping, значителна употреба на legato со pull-off и hammer-on техники, како и pinch harmonic, volume swell техники заедно со употребата на тремоло рачка или педали за ефекти. Седумжичените електрични гитари со тврд труп биле развиени во 1990-тите (порано во џезот) со цел да се постигне потемен звук преку продолжување на долниот домет на гитарата. Тие се користат денес од гитаристи како Џејмс „Манки“ Шафер, Дејв Вајнер, Џон Петручи, Џеф Лумис, Стив Смит и Стив Ваи. Meshuggah, Дино Казарес, Расти Кули & Чарли Хантер одат чекор подалеку, користејќи осумжичена гитара со две дополнителни ниски жици. Иако најчесто додаваната седма жица е долна B жица, Роџер МекГвин (Од групите Byrds и Rickenbacker Fame) ја популаризирал варијантата во која октавна G жица парира со вообичаената ге-жица како на дванаесетжичена гитара, што му дозволува да вметнува елементи од свирењето на 12-жичена гитара во стандардно шестжичено свирење. Ibanez произведува многу варијанти на електрични седумжичени гитари.

Електричната бас гитара е слична во штимањето со традиционалната двојна бас виола. Постојат и хибриди од акустичните и електричните гитари. Исто така постојат и поегзотични варијанти, како двојно-вратните гитари, сите предмет на различни аранжмани на жиците, вратовите без прагови (користени скоро ексклузивно на бас гитарите, измислени со цел да го емулираат звукот на контрабасот), 5.1 surround гитара, и слични.

Делови на гитарата уреди

Типични делови на класичните и електричните гитари
  1. Глава
  2. Препрека
  3. Штимери (или штимерски клучеви)
  4. Стапала
  5. Носач
  6. Фурнирки
  7. Врат
  8. Колено
  9. Труп
  10. Магнети
  11. Електроника
  12. Кобилица
  13. Штитник
  14. Заден дел
  15. Звучна кутија (врв)
  16. Страни на трупот (ребра)
  17. Звучна дупка, со розетна форма
  18. Жици
  19. Лежиште
  20. Гриф

Штимање уреди

Гитарата е транспозирачки инструмент. Звукот кој го произведува е октава понизок од неговата нотација.

Се користат голем број на разни штимања. Оддалеку најчестото, познато како „стандардно штимање“ (EADGBe), е следното:

  • шеста (најнизок тон) жица: E/ми (82,4 Hz)
  • петта жица: A/ла (110,0 Hz)
  • четврта жица: d/ре (146,8 Hz)
  • трета жица: g/сол (196,0 Hz)
  • втора жица: b/си (246,92 Hz)
  • прва (највисок тон) жица: e'/до (329,6 Hz)

 

Гитарата како тема во уметноста и во популарната култура уреди

 
Акустични гитари

Гитарата како тема во книжевноста уреди

Гитарата како тема во музиката уреди

  • „Додека мојата гитара нежно тажи“ (англиски: While My Guitar Gently Weeps) — песна на британската поп-рок група Битлси од 1968 година.[10]
  • „Песни без електрични гитари“ (англиски: Songs Without Electric Guitars) — песна на американската група Бордомс (Boredoms) од 1990 година.[11]
  • „Гитарски град“ (англиски: Guitar Town) — песна од истоимениот албум на американскиот рок-музичар Стив Ерл (Steve Earle) од 1986 година.[12]
  • „Мојата гитара сака да ја убие мајка ти“ (англиски: My Guitar Wants To Kill Your Mama) — песна на американскиот рок-музичар Френк Запа (Frank Zappa)[13]
  • „Зборови и гитара“ (англиски: Words and Guitar) — песна на американската рок-група Слитер Кини (Sleater Kinney) од 1997 година.[14]
  • „Свири на гитара“ (англиски: Play Guitar) — песна на американскиот рок-музичар Џон Кугар Меленкамп (John Cougar Mellencamp) од 1983 година.[15]
  • „Електрична гитара“ (англиски: Electric Guitar) — песна на американската рок-група Токинг хедс (Talking Heads) од 1979 година.[16]
  • „На Марс му се потребни гитари!“ (англиски: Mars Needs Guitars!) — албум на австралиската рок-група Худу Гурус (Hoodoo Gurus) од 1985 година.[17]
  • „Гитаро моја“ — песна на македонскиот композитор Александар Џамбазов.[18]
  • „Гитарата на госпоѓицата Вилијамс“ (англиски: Miss Williams' Guitar) — песна на американската рок-група Џејхокс (The Jayhawks) од 1994 година.[19]

Поврзано уреди

Белешки уреди

  1. Farmer, Henry George (1988), Historical facts for the Arabian Musical Influence, Ayer Publishing, 137, ISBN 040508496X
  2. Κιθάρα се појавува во грчката верзија на Новиот завет 4 пати, и вообичаено се преведува како харфа [1] Архивирано на 17 февруари 2009 г.
  3. „Online Etymology Dictionary“. Посетено на 2007-09-21.
  4. Класичната Мандолина од Пол Спаркс (1995)
  5. Рана романтичарска гитара
  6. „Следејќи ја најстарата шестжичена гитара“. Архивирано од изворникот на 2012-05-07. Посетено на 2006-12-07.
  7. Федерико Гарсија Лорка, Неверна жена. Скопје: Македонска книга, Култура, Мисла, Наша книга, 1982, стр. 16.
  8. Федерико Гарсија Лорка, Неверна жена. Скопје: Македонска книга, Култура, Мисла, Наша книга, 1982, стр. 38.
  9. Федерико Гарсија Лорка, Неверна жена. Скопје: Македонска книга, Култура, Мисла, Наша книга, 1982, стр. 51.
  10. DISCOGS, The Beatles ‎– The Beatles (пристапено на 27.6.2019)
  11. YouTube, Soul Discharge '99 (full album) - Boredoms (пристапено на 11.9.2017)
  12. YouTube, Steve Earle | Guitar Town | Full Album | Vinyl Rip (пристапено на 30.10.2017)
  13. DISCOGS, Frank Zappa – Strictly Commercial (The Best Of Frank Zappa) (пристапено на 31.5.2021)
  14. YouTube, Sleater Kinney - Dig Me Out (HD) (посетена на 12.5.2017)
  15. YouTube, John Cougar Play guitar (посетено на 17.6.2017)
  16. YouTube, Talking Heads - Fear of Music (пристапено на 6.3.2018)
  17. YouTube, Hoodoo Gurus - Mars Needs Guitars! (1985 full album) (пристапено на 15.12.2017)
  18. „Музиката на Александар Џамбазов“, 62 фестивал Охридско лето, 19.8.2022.
  19. Discogs, The Jayhawks ‎– Tomorrow The Green Grass (пристапено на 15.10.2021)

Надворешни врски уреди

  Статијата „Гитара“ е избрана статија. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија (останати избрани статии).