Маријачи (шпански: Mariachi) е име за типичен мексикански музички ансамбл, како и за неговите музичари.

Маријачи кој пее

Инструменти уреди

Современиот оркестар од маријачи се состои од 7 до 12 музичари, понекогаш и до 20, кои свираат на гитари, вијуели (петожичена гитара со висок тон), гитарони (голема бас-гитара), виолини, труби, и понекогаш на мараки и харфи. Покрај нив тука се и пејачи солисти. Инструменталистите пејат хорски во многу песни или покогаш пејат и солистички.

Стил уреди

Маријанците не го означуваат стил во музиката, туку само група музичари. Нивниот репертоар е мешавина од традиционални стилови на музика за играње.Тука се испретплетуваат регионалните стилови: Son Jaliscense, Canción Ranchera, Corrido, Son Huasteco, Son Jarocho со болеро, пасо добле и дансон.

Облека уреди

 
Мексикански маријачи во чаро облека

До крајот на 19 век маријачите немале посебна облека, туку носеле едноставна селска облека. Од 1940-ите почнале да носат елегантна и украсена облека на отмени каубои (чаро), кои управувале со хациендите во 19 век.Се состои од: каубојски чизми, широко сомбреро, тесни панталони извезени со сребро по бордури, и подеднакво детално извезено кратко сако. На почетокот овие костуми биле црни со сребрени украси, додека денес костумите честопати им се бели, беж или темноцрвени. Се верува дека маријачите првпат облекле чаро облека на приемот кој за американска делегација во 1907 година го приредил претседателот Порфирио Дијаз. Пред тоа таа била резервирана за професионални оркестри со класично образовани музичари.

Историја уреди

Долго време се сметало дека зборот маријачи е од француско потекло (јазик француски|mariage, брак), и дека во Мексико пристигнала за време на француската инвазија и царот Максимилијан. Тоа е затоа што оваа музика најчесто била свирена на свадби и прослави. Историчарите утврдиле дека овој збор е постар од времето кога Французите пристигнале во Мексико. Втората варијанта е дека овој збор потекнува од индискиот јазик кока, и дека означува дрвената сцена на која настапуваат музичарите. Музиката на маријачите, каква што ја знаеме денес создадена е во западномексичката регија Халиско, според легендата во градот Кокула), во 19 век. Првобитните маријачи биле верзија на шпански театарски оркестри кои се состоеле од виолина, харфа и гитара. Кон крајот на 19 век, типичното јадро на маријачи оркестри се состело од: вијуеле, две виолини и гитарона (замена за харфа). По мексиканската револуција дошло до миграции од села во градовите, па надарените селани станувале улични музичари во Гвадалахара и во [[Мексико Сити] градот Мексико]]. Некои од овие оркестри, како оркестрот Варгас ( Vargas de Tecalitlán ), настапувале на официјалните прослави и на забавите на високото друштво. Тие почнале да изнајмуваат професионални музичари, чаро облеката станала нивен знак на препознавање и вовеле труба во ансамблот. Така се формирал денес типичниот звук и изглед на маријачи оркестарот. Од 1930-тите до 1950-тите години, оркестарот Варгас настапил во повеќе од 200 филмови, а познати глумци пееле со нив. Масовните медиуми и индустријата за грамофонски плочи го направиле овој вид на музика популарен во целиот свет. Модерната музика на маријачи вклучува и нови стилови, како што е кумбија, а некои изведувачи се приближуваат до поп-музиката. Во минатото понекогаш се појавувале и жени маријачи. Денес тие се почести, па постојат и целосно женски маријачи оркестри.Тие носат слична облека, со долго здолниште.

Маријачи во мексиканската култура уреди

Во Мексико особено во централните висорамнини, маријачите се незаобиколен дел од народната култура кои свираат на јавни и приватни собири и прослави. Сè уште е омилена традицијата на серенада; момчињата нарачуваат да оркестарот маријачи во ситните саати свири под прозоецот на нивнте изабранички. Во градот Мексико маријачите се собираат секоја вечер на плоштадот Гарибалди (Plaza Garibaldi), а во Гвадалахари на плоштадот Маријачи (Plaza de los Mariachis).

Музиката на маријачи во југословенска култура уреди

Во доцните 40-ти и раните 50-ти, музиката на маријачите станала многу популарна во СФРЈ. За нејзиниот успех придонел мексиканскиот филм од 1950 година „Еден ден од животот“ (Un dia da vida). Песни од овој филм, препеани на српско-хрватски јазик (Један дан живота, Мама Хуанита), ги пееле Никола Каровиќ, Мишо Ковач и Про арте. Пејачите со мексиканскиот репертоар биле Славко Перовиќ и Невенка Арсова.

Карактеристични песни уреди

  • Cielito Lindo
  • El Mariachi Loco
  • El Rey
  • Guadalajara
  • El Son de La Negra
  • El Jarabe Tapatio
  • La Malagueña
  • Cucurrucucu Paloma
  • Las Golondrinas
  • Las Mañanitas
  • Mamá Juanita
  • México lindo y querido
  • Paloma Negra
  • La Bamba
  • La Adelita

Познати оркестри уреди

  • Mariachi Coculense
  • Mariachi México
  • Los Vargas de Tecalitlán
  • Mariachi Sol de Mexico

Наводи уреди

Надворешни врски уреди