Џез-гитара

(Пренасочено од Џез гитара)

Џез-гитара или блуз-гитара — челичножичена гитара со препознатлив „заоблен“ стомак, и звук посебно адекватен за џез и блуз. Поради ова, џез гитарите имаат репутација како џез кутии. Поимот заоблен стомак вообичаено означуа инструмент со шупливо тело, иако во посебни случаи кај Gibson Les Paul со цвсто тело може да се користи да се разликуваат стандардните модели од гитарите со рамен стомак Special и Melody Maker.

Epiphone Emperor, an archtop design.

Горниот (често и долниот) дел на џез гитарите се или изработени од парче цврсто дрво или пресовани под температура користејќи ламинации, и вообичаено имаат f-дупки. Заоблувањата и на горниот дел и на f-дупките се слични на оние на фамилијата на виолината, на коишто тие биле првенствено засновани. Иако секоја вистинска гитара со заоблен стомак има богат тон без засилување, повеќето гитари џез гитари имаат некој тип на микрофонски/магнетен систем, и се наменети примарно за оваа намена и исто така се и семи-акустичните електрични гитари. Повеќето магнети на модерните џез гитари се хамбакери сместени во позиција на вратот или мостот.

Гитарите со стомак биле измислени во 1890-тите од Орвил Гибсон, основач на корпорацијата Gibson, кој примарно бил мајстор за мандолини и имал претходно направено мандолини со стомак. Во 1922, Лојд Лор бил најмен од компанијата Gibson со цел да ја редизајнира нивната линија на инструменти во напор да се соочат со продажбите на другите фирми. Иако новите модели на инструменти комерцијално биле неуспех, и Лор го напуштил Gibson по само неколку години, Gibson инструментите потпишани од Лор денес се наоѓаат во најценетите и најславните во историјата на жичените иструменти. Можеби најпознатиот инструмент е мандолината F5, но најверојатно најшироко влијателниот била гитарата Gibson L5 која претставувала стандард во 1930-тите со кој сите се споредувале. На пример, првите џез гитари изработени од Џон Д’Анџелико (лутиер од Њујорк) кои се сметаат од некои за Страдивери помеѓу гитарите, биле копиии на L-5, и Epiphone Emperor прикажан десно е во суштина помалку скапа копија на електричната верзија на L-5, моделот L-5CES.

Гитарите со стомак биле веднаш присвоени од џез и кантри-музичарите, и останала особено популарни во џез музиката (оттука и нивното име), вообичаено користејќи подебели жици отколку конвенционалните акустични гитари. Електричната џез гитара со шупливо тело има посебен звук помеѓу електричните гитари, па така е погодна за многу стилови на рокенрол. Многу електрични гитари наменети за употреба во рокенрол се опремени со тремоло рачка, најчесто од типот Bigsby.

Најпознатите џез гитари биле фабрички-изработените инструменти на Gibson, Epiphone, Gretsch и високо ценетите рачно-изработени творби на лутиерите како Д’Анџелико, Стромберг, Вилкановски и Д’Акусто. Во поскорешни времиња, интересот за џез гитарите повторно заживеал од лутиерите како Боб Бенедето. Стиоло на акустични/електрични џез гитари на Бенедето бил копиран од лутиерите како Дејл Унгер, Џон Р. Зајдлер, Дана Буржоа и други. Повеќето од додатоците (штитник, кобилица, штимери, потенциометри, итн.) се изработуваат од дрво (абонос или ружово дрво) наместо од метал, и имаат чист акустичен изглед. Моментално, многу фирми, како Yamaha, Epiphone (во посед на Gibson), Eagle, и Jay Turser произведуваат џез гитари со прифатливи цени.

Некои џез гитари имаат Bigsby или други системи на тремоло рачка. Повеќето тремоло системи не може да бидат сместени во џез гитара поради потребата да се исечат големи дупки во стомакот со цел да се смести механизмот, но системите Bigsby и Gibson Vibrola може да се сместат.

Надворешни врски уреди