Географија на Војводина

Војводина се састои од три поголеми географски региони низ кои поминуваат големите реки Тиса и Дунав. Војводина претставува автономна покраина на Република Србија и се простира на 21.500 km² (24,3% од Србија). Се наоѓа во Панонската Низина, во регионот Средна Европа. На север се граничи со Унгарија, на исток со Романија, на запад со Хрватска и на југозапад со Босна и Херцеговина (Република Српска). Јужната граница на Војводина претставува административна граница кон Централна Србија, која голем дел ја сочинуваат реките Дунав и Сава.

Maпa на географски региони во Војводина
Maпa на географски региони и градови во Војводина
Сателитска снимка од Војводина

Географски региони во Војводина уреди

  • Банат е регион кој се простира преку три држави, преку Србија (Војводина), Романија и мал дел преку Унгарија. Она со што се граничи со Банат од другите региони на Војводина е реката Тиса на запад - од Бачка, реката Дунав: на запад - од Срем, и на југ - од Поморавље (област) (во централна Србија). Релјефот на Банат е претежно рамничарски, како и Делиблатска пештера на југозапад и Вршачки Планини на југоисток од Банат, на границата со Романија.
  • Бачка е регион помеѓу Унгарија (на север од Бачка) и Србија (на југ од Бачка). Границите на Бачка се реката Тиса на исток - од Банат, реката Дунав: на југ - од Срем, на запад со Барање и Славонија (регии во Хрватска). Релјефот во Бачка е главно рамничарски, со обработливо земјиште. На реката Дунав се наоѓаат и многубројни мочуришта и шуми. На југоисток од регионот, на устието на реките Дунав и Тиса, се наоѓа Тителски брег, мал брег со надморска височина од 152 м.
  • Срем, е регион помеѓу Србија (на исток) и Хрватска (на запад). Границите на Срем се реката Дунав, на север со Бачка и на исток со Банат, како и Мачва и Шумадија, кои се наоѓаат на југ преку реката Сава во централна Србија. Од релјефот претежно доминира планина Фрушка Гора (единствен Национален парк на Фрушка Гора во Војводина), со највисок врв од 548 м. Јужниот дел на Срем или Посавина е претежно рамничарски.

Хидрографија уреди

 
Канал Савино Село—Нови Сад кај населбата Руменка

Најважната река во Војводина, а и во Србија и целиот регион е Дунав. Покрај Дунав, тука се и нејзините притоки Сава (206 km) и Тиса (168 km), но и помали реки како што се Босут (во Срем), Бегеј и Тамиш (во Банат). За наводњавање на посевите веќе со децении е прокопан систем од каналаи во среден и јужнен Банат, како во среда и јужна Бачка, канал Дунав—Тиса—Дунав со севкупна должина од 930 km. Други мали реки во Војводина се: Караш, Златица, Нера, Криваја, Чик, Мостонга и Плазовиќ. Поголеми езера се: Палиќ, Лудошко Езеро, Лединачко Езеро и Обедска Бара.

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди