Андон Младеновски

Андон Богатинов Младеновски (15 мај 1912 во Трновац, Кратовско21 април 1945 во Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Андон Младеновски
Роден 15 мај, 1912 година
Трновац, Кратовско, Македонија под Осмалниска власт
Починал 21 април, 1945 година
Сремски фронт, Хрватска
Националност Македонец

Животопис уреди

По занимање бил занаетчија-налбатин. Неговиот живот бил со многу тешкотии и искушенија. Одржувал врска со народноослободителната војска на Македонија, а неговата активност не останала незабележана од окупаторските власти. Бугарската окупаторска полиција, во април 1943 година го интернирала во Елхово-Бугарија, што кај него придонело уште повеќе да се зголеми омразата кон окупаторот. По неговото враќање од интернација, останал четири месеци дома под надгледување на окупаторските власти и нивните помагачи. Во август 1944 година му пристапил на Кратовскиот партизански одред (формиран на 4 август 1944 година на кумановски терен). Подоцна се борел во составот на Седумнаесеттатa македонска бригада, каде бил пример на решителност и лична храброст. Земал учество во сите борби за ослободување на Македонија и Гнилане, подоцна ѝ на Сремскиот фронт каде на 21 април 1945 година загинал.[1]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Нивната борба за слобода, наш патоказ за иднината. Кратово: Општински одбор на СЗБ НОВ Кратово. 1985. стр. 40.