Душко Младеновски

Душко Тодосав Младеновски (2 февруари 1922 во Трновац, Кратовско1944 во Виница) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис уреди

Желбата за образованието му останала неостварена. Како седумгодишно дете е земен за овчарче кај поимотните селани, а подоцна работел ѝ како момок на туѓи имоти. Иако самоук, бил природно интелигентен и напреден младинец. Во едноличниот и тежок живот, во кој бил понижуван, ја почувствувал нечовечноста и суровата експлоатација. Се поврзал со напредните младинци од селото и градот Кратово и почнал активно да го помага народнооелободителното движење. Во мај 1944 година додека бил регрутиран во бугарската војска и служел во Штип, добил задача од партиската организација од магацинот да подигне еден товар муниција и да ја пренесе на слободната територија за партизаните. Со уште еден другар под тешки околности задачата ја исполниле, а со тоа пристапиле во редовите на НОВ. Неколку месеци подоцна, во борбите со бугарскиот окупатор во близината на Виница, Душко бил убиен, а неговиот гроб не бил откриен.[1]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Нивната борба за слобода, наш патоказ за иднината. Кратово: Општински одбор на СЗБ НОВ Кратово. 1985. стр. 43.