4 август — 216-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (217-и во престапна година). Остануваат 149 денови до крајот на годината. Предлошка:Август 2024

Перси Биш Шели

Настани:

1914  Во текот на Првата светска војна, Германија врши инвазија врз Белгија. Како одговор на ова, Велика Британија и објавува војна на Германија. САД објавува неутралност.
1936  Генералот Јоанис Метаксас прогласи фашистичка диктатура во Грција. Режимот ја забрани употребата на македонскиот јазик и истовремено изврши апсење на голем број Македонци, поради изразување на националните чувства.
1944  Во Амстердам, Холандија, фашистичката полиција се упати во тајното засолниште на еврејското семејство Франк, го уапси и го одведе во концентрационен логор. Меѓу уапсените беше и 15-годишната Ана Франк, која со својот Дневник остави еден од најпотресните напишани документи за човековите страдања во Втората светска војна.
1984  Горна Волта го променува своето име во Буркина Фасо.
1993  Исламската Република Иран ја призна Република Македонија.

Родени:

1792  Перси Биш Шелианглиски поет.
1859  Кнут Хамсуннорвешки писател и Нобелов лауреат од 1920 година.
1900  Луј Армстронгамерикански џез музичар и трубач.
1940  Абдураман Вахид — четврти претседател на Индонезија.
1947  Клаус Шулцегермански композитор.
1957  Валдис Валтерс — латвиски и советски кошаркар.
1969  Макс Кавалера — бразилски рок-музичар.
1975  Аднан Гулшаир ел Шукријумах — член на терористичката организација „Ал-Каеда“.
1982  Лука Антонини — италијански фудбалер.
1985  Антонио Валенсија — еквадорски фудбалер.

Починале:

1060  Анри I — француски крал.
1875  Ханс Кристијан Андерсендански писател.
1890  Иван Мажураниќхрватски поет и политичар.
1908  Радое Домановиќ — српски писател.
1911  Александар Радев — бугарски политичар.
1981  Драган Бојаџиев — македонски музички публицист.
1984  Ричард Бартон — велшки глумец.
2020  Рајко Дујмиќхрватски поп-музичар.