Азиска фудбалска конфедерација

Азиска фудбалска конфедерација (AFC) — главно фудбалско тело во Азија, составено од 47 членки.

Азиска фудбалска конфедерација
КратенкаAFC
ГеслоАзија е иднината
Основанамај 8, 1954; пред 69 години (1954-05-08)
ВидСпортска организација
СедиштеКуала Лумпур, Малезија
РегионАзија и Австралија
Членство47
Службени јазицианглиски јазик
ПретседателСалман Бин Ибрахим ал-Калифа
Потпретседател
Генерално СобраниеВиндзор Пол Џон [1][2]
Матична организацијаФИФА
Мреж. местоthe-afc.com

Организацијата била основана на 8 мај 1954 во Манила, Филипини, и е една од шестте континентални конфедерации на ФИФА. Седиштето се наоѓа во Букит Јалил, Куала Лумпур, Малезија. Во моментот претседател е Салман Бин Ибрахим ал-Калифа.

Натпревари организирани од АФЦ уреди

АФЦ го организира Азискиот Куп, натпреварување наменето за фудбалските репрезентации од Азија кој се одржува секои четири години, како и Азиските Квалификации за Светското првенство и АФЦ Challenge Cup. Таа исто така ги организира квалификациите во фудбал за Олимписките игри за регионот на Азија. АФЦ организира три различни меѓународни клупски натрпреварувања секоја година. Најзначајно (и најстаро од постоечките клупски натрпреварувања на АФЦ) е Лигата на шампиони на АФЦ, организирано врз основа на Лигата на шампиони од УЕФА, создадена во сезоната 2002/03 со соединување на Азискиот Куп на шампиони и Азискиот Куп на Победници на Купови.

Останатите натпреварувања се создадени во 2004 година кога бил формиран „Vision Asia blueprint“ за развој. Ова довело до тоа 14-те најдобро рангирани АФЦ нации, да ги испратат своите најдобро екипи во Лигата на шампиони на АФЦ. Следните 14 нации, учествуваат со свои екипи во АФЦ купот.

Остатокот од членките на АФЦ го формираат со свои екипи АФЦ Претседателскиот Куп. Екипи кои се квалификуваат од секоја земја за меѓународните натпревари обично се шампионите и победниците на националниот куп. Моментно не постои напредување или пак испаѓање од секое од овие натрпреварувања. Во текот на годините, организацијата започнала реформи, кои вклучувале зголемена транспарентност, зголемување на компететивноста, подобрување на опремата за тренинг и задолжување на лигите да создадат систем за унапредување и назадување. Први 10 лиги кои треба да бидат реформирани се: Австралија, јапонија, Кина, Јужна Кореја, Сингапур, Индија, Иран, Обединети Арапски Емирати, Саудиска Арабија и Катар. Предлогот предвидел радикални промени во Австралија, каде што професионалните лиги во сите спортови се организирани врз модел на затворено членство и ограничен буџет, систем главно применуван во Северна Америка.

Постојат 12 АФЦ Федерации кои учествуваат во Арапскиот Национален Куп организиран од УАФА (UAFA). Тоа се Бахреин, Ирак, Јордан, Кувајт, Либан, Катар, Оман, Палестина, Саудиска Арабија, Сирија, Обединети Арапски Емирати и Јемен.

Женски фудбал во Азија уреди

Азиската Женска Фудбалска Конфедерација (ALFC) е дел од АФЦ (AFC) кој се занимава со развој на женскиот фудбал во Азија. АЛФЦ е создадена како независна асоцијација во април 1968 година на состанок на кој учествувале Тајван, Хонгконг, Малезија и Сигапур. Во 1986 година АЛФЦ се спојува со АФЦ.[3] Азиската Женска Фудбалска Федерација помогна во организацијата на AFC Азискиот Куп за жени, за првпат одржан во 1975 година, како и на AFC првенство до 19 години за жени и AFC првенството до 17 години за жени.

Членство уреди

Азиска фудбалска конфедерација има 47 членки

  • 12 од Западна Азија
  • 6 од Средна Азија
  • 7 од Јужна Азија
  • 10 од Источна Азија
  • 12 од Југоисточна Азија
Code Асоцијација Репрезентација Основан ФИФА
прием
АФЦ
прием
МОК
прием
Западна азиска фудбалска федерација (WAFF)
BHR   Бахреин (М, Ж) 1957 1968 1969 да
IRQ   Ирак (М, Ж) 1948 1950 1970 да
JOR   Јордан (М, Ж) 1949 1956 1970 да
KUW   Кувајт (М, Ж) 1952 1964 1964 да
LIB   М, Ж) 1933 1936 1964 да
OMA   Оман (М, Ж) 1978 1980 1980 да
PLE   М, Ж) 1928 1995 1995 да
QAT   Катар (М, Ж) 1960 1972 1974 да
KSA   Саудиска Арабија (М, Ж) 1956 1956 1972 да
SYR   Сирија (М, Ж) 1936 1937 1970 да
UAE   Обединети Арапски Емирати (М, Ж) 1971 1974 1974 да
YEM   Јемен (М, Ж) 1962 1980 1980 да
Централноазиска фудбалска федерација(CAFA)
AFG   Авганистан (М, Ж) 1933 1948 1954 да
IRN   Иран (М, Ж) 1920 1948 1954 да
KGZ   Киргистан (М, Ж) 1992 1994 1993 да
TJK   Таџикистан (М, Ж) 1936 1994 1993 да
TKM   Туркменистан (М, Ж) 1992 1994 1993 да
UZB   Узбекистан (М, Ж) 1946 1994 1993 да
Јужна азиска фудбалска федерација (SAFF)
BAN   Бангладеш (М, Ж) 1972 1976 1973 да
BHU   Бутан (М, Ж) 1983 2000 1993 да
IND   Индија (М, Ж) 1937 1948 1954 да
MDV   Малдиви (М, Ж) 1982 1986 1984 да
NEP   Непал (М, Ж) 1951 1972 1954 да
PAK   Пакистан (М, Ж) 1947 1948 1954 да
SRI   Шри Ланка (М, Ж) 1939 1952 1954 да
Источна азиска фудбалска федерација (EAFF)
CHN   Кина (М, Ж) 1924 1931 1974 да
GUM   Гуам2 (М, Ж) 1975 1996 1991 да6
HKG   Хонгконг (М, Ж) 1914 1954 1954 да
JPN   Јапонија (М, Ж) 1921 1921 1954 да
PRK   Северна Кореја (М, Ж) 1945 1958 1974 да
KOR   Јужна Кореја (М, Ж) 1928 1948 1954 да
MAC   Макао (М, Ж) 1939 1978 1978 да
MNG   Монголија (М, Ж) 1959 1998 1993 да
NMI   Северни Маријански Острови1,2 (М, Ж) 2005 N/A 2009 (норвешки)5
TPE   Кинески Таипеј3 (М, Ж) 1936 1954 1954 да
Фудбалска федерација ASEAN (AFF)
AUS   Австралија2,4 (М, Ж) 1961 1963 2006 да6
BRU   Брунеј (М, Ж) 1959 1972 1969 да
CAM   Камбоџа (М, Ж) 1933 1954 1954 да
IDN   Индонезија (М, Ж) 1930 1952 1954 да
LAO   Лаос (М, Ж) 1951 1952 1968 да
MAS   Малезија (М, Ж) 1933 1954 1954 да
MYA   Мјанмар (М, Ж) 1947 1948 1954 да
PHI   Филипини (М, Ж) 1907 1930 1954 да
SIN   Сингапур (М, Ж) 1892 1952 1954 да
THA   Тајланд (М, Ж) 1916 1925 1954 да
TLS   Источен Тимор (М, Ж) 2002 2005 2002 да
VIE   Виетнам (М, Ж) 1960 1964 1978 да

1: Член на AFC member, не е член на FIFA.
2: Земја или територија на Океанија, но не е член на AFC.
3: Поранешен член на Конфедерацијата за фудбал во Океанија (1976–1982), приклучен кон AFC.
4: Поранешен член на Конфедерацијата за фудбал во Океанија (1966–2006), приклучен кон AFC.
5: Дел од Олимпискиот комитет на САД.
6: Земјата или територијата на Океанија е член на Националните олимписки комитети на Океанија, наместо Олимписки комитет на Азија.

Наводи уреди

  1. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2017-11-29. Посетено на 2017-10-06.
  2. Christopher Raj (3 December 2015). „Prime choice to lead FIFA“. The Star. Посетено на 25 March 2016.

Надворешни врски уреди